Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

23.12.2020

Како да ја сочувате вашата кожа во студените денови?

Студот, ветерот и греењето го сушат и го оштетуваат епидермисот (површинскиот слој на кожата). Греењето ја отстранува малата влажност во овој период од годината и ја суши нашата кожа. Истата, во контакт со студот надвор, може да стане рапава, сува, и да се појават пукнатини.

За среќа, постојат природни решенија за да се одржи кожата хидрирана и здрава во текот на целата зима:

  • Одржувајње на влажноста на воздухот дома: нема потреба да купувате навлажнувачи, едноставно под радијаторот можеме да поставиме сад (отпорен на топлина) исполнет со вода. Топлината предизвикува испарување на водата и го зголемува нивото на влажноста во вашиот дом.
  • Туширање со млака, а не со топла вода: премногу топла вода ги оштетува заштитните слоеви на кожата. Иако многумина сакаат да го претвораат тушот во сауна, млаката вода е поздрава за кожата.
  • Пилинг: доволно е да се протрие телото со влажна фротирна ракавица, морски сунѓер или четка (не силно) освен лицето и градите чија кожа е понежна. На овој начин помагаме во елиминирање на мртвите клетки.
    Исто така, постојат креми за пилинг или домашни лекови, како на пример една рака од крупна сол комбинирана со маслиново масло и неколку капки од есенцијално масло, кои можат да послужат како добар третман на вашата кожа.
  • Деликатно сушење: Бришењето треба да биде без употреба на сила. Но за да се стимулира протокот на крв, најдобро е да примените тапкање за да ја впиете влагата.
  • Хидратација: најдобро е да се нанесува хидратантна крема на сеуште влажна кожа, бидејќи така кожата ќе остане хидрирана подолго.
  • Балансирана исхрана: пиење доволно вода, јадење здраво, вклучувајќи големи количини на свежо овошје и зеленчук, елиминирање на индустриските преработки (колачиња, сувомесно …), намалување на внесот на белиот шеќер или негова замена со шеќер од трска / меласа или други природни засладувачи, како и замена на рафинираните производи со цело зрнести, се дел од советите важни за општо здравје и здравјето на вашата кожа.

Лицето, усните и рацете се деловите од телото кои страдаат најмногу од лошите временски услови, бидејќи се целосно изложени, и на нив треба да им посветиме посебно внимание за нивна заштита.

Лицето: важно е чистење со соодветен сапун или млеко за чистење. Чистењето на лицето се прави наутро и навечер. Наутро бидејќи во текот на целата ноќ кожата се поти и порите лачат токсини, а навечер за да се елиминира прашината која се лепи во текот на денот, дури и ако не носиме шминка. Ова чистење може да се надополни со пилинг и маска најмалку еднаш неделно. Експертите препорачуваат професионално чистење на кожата два до три пати годишно. Хидратацијата со добар крем е исто така неопходна.

Усните: за секојдневна заштита можете да нанесете заштита за усни која хидрира и штити од сончевите зраци. Може да користите заштитата од шеа путер или какао, бадемово масло, или алое вера.

Рацете: во овој период од годината дерматитисот кој се појавува на задниот дел од рацете е честа причина за консултации со дерматолог. Ова појава е особено е честа кај луѓето кои поради своите работни обврски постојано ги мијат и ги чистат рацете. За да се избегне ова, треба да се носат ракавици и природни креми или масла за заштита на кожата на рацете.Истите се препорачува да се користат навечер пред спиење.

Сите овие совети се применливи и за жените и за мажите. Времето кога мажите ја запоставуваа нивната хигиена и нега на лицето сега се веќе се минето. Грижата за кожата е всушност прашање на вашето здравје.