Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

28.01.2014

Карцином на тироидна жлезда


Карцином на тироидна жлезда

Карциномите на тироидеата во послените години се во постојан пораст во светски рамки. Најчесто се манифестира со безболна солитарна туморозна формација во предел на тироидеата која пациентите најчесто самите ја забележуваат или се открива при рутински преглед на лекар. Најчести знаци поврзани со малигнизација на нодус во тироидеата се присуство на солитарен нодус кај пациенти помлади од 30 години и пациенти постари од 60 години, машки пол, нагол пораст на нодусот во тироидеата, присуство на безболен јазол ( болка на палпација е аосцирана со бенигни нодуси во тироидеа како и крварење во бенигна циста или субакутен вирусен тироидитис).Карциномите на тироидеа се поделени на папиларни карциноми 80%, фоликуларен карцином 10%, медуларен тироиден карцином 5-10 % , анапластичен карцином 1-2 %, примарен тироиден лумфом кој е редок и примарен тироиден сарком кој исто така е редок.Најзначајно во дијагностицирањето на карциномот на тироидеа е диференцијацијата помеѓу бенигни и малигни солитарни тумори.

По поставување на дијагнозата, идентификација на типот на карциномот како и стадиумот на болеста се врши лекување. Лекувањето опфаќа одстранување на јазолот или одстранување на лобусот тироидната жлезда или комплетно одстранување на тироидеата т.н. тироидектомија заедно со сомнителните лимфни јазли. Потоа се пристапува кон радиојод аблација при која се изложува организмот на радио-јод ,чија цел да да се уништат сите малигни клетки дури и на микрокопско ниво. Во поодминати стадиуми на болеста се дава и хемотерапија како и зрачна терапија. Кај пациентите кај кои е направена тотална тироидектомија потребно е да се дава заместителна терапија со левотироксин или тријодтиронин. Прогнозата на карциномот на тироидеата зависи од типот на карциномот и од стадиумот на болеста. Петгодишното преживување за карцином на тироидеа а 85% за жени и 74% на за мажи.