Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

27.03.2014

КТ дијагностика на руптурирана аневризма на абдоминална аорта

КТ дијагностика на руптурирана аневризма на абдоминална аорта

Абдоминална аневризма на аорта (познато како тројно ААА) претставува балонирана аорта, повеќе од 50% од нормалниот дијаметар на аортата и е најчеста форма на аневризми на аортa – 90%. Најчесто се јавува кај пациенти на возраст меѓу 65 -75 години, почесто мажи. Аневризмите можат да бидат асимптоматски или да даваат болки во стомак или долен грб. Голема компликација е руптура на аневризмата што е животно загрозувачка состојба со морталитет 60-90%.По направениот ултразвук следи мултислојна компјутеризирана томографска ангиографија.Компјутеризираната томографска ангиографија е метод од избор за оваа живото загрозувачка состојба, поради незјината брзина и прецизност, самиот преглед трае неколку минути. Најчесто руптурираните аневризми се манифестираат на КТ како ретроперитонеален хематом, пропратен со поголема аневризма на абдоминална инфраренална аорта. Хеморагија може да има и во периреналниот простор, парареналниот простор, псоасниот мускул и перитонеум. Се детектира и дисконтинуитет на ѕидот на аортата на местото на руптурата.Со оваа метода, добиваме дополнителни важни информации за величината на аневризмата, активната екстравазација и зафатеноста на реналните и висцералните гранки, како важни информации за одлуката за понатамошен третман – најчесто оперативен.Некогаш се детектираат и во порана фаза, кога е сеуште интрамурална хеморагија, но најчесто за неколку часа настанува и екстравазација.Во период од 2000-2013 година, во нашата установа од 13542 оперативно лекувани кардиоваскуларни пациенти, 3085 (22,8%) беа со оперативен третман на големите крвни садови, од кои 326 (2,4%) пациенти со аневризма на абдоминална аорта. Од оперираните пациенти 78 (23,9%) беа со акутна руптура и потреба од итна животоспасувачка операција.Приказ на пациенти:

Сл. бр. 1 Сл. бр. 2

Сл. бр.3 Сл. бр. 4

Случај 1Пациент на 76- годишна возраст, со руптура на аневризма на абдоминална аорта. Примен во животозагрозувачка општа состојба, хеморагичен шок, сомнолентен, хипотензивен, диспноичен, со силни болки во стомакот. Пациентот знаел за аневризматско проширување на абдоминалната аорта од пред неколку месеци, дијагностициран со компјутеризирана томографија. Направен е 64 МСКТ преглед на аорта со наод за руптурирана аневризма (слика 1, 2, 3 и 4 црна стрелка) на инфраренална аорта со пречник 90мм и интраабдоминална хеморагија (слика 1, слика 3 и слика 4 – бела стрелка). Присутна аневризма и на лева заедничка илијачна артерија 30мм .Индициран и направен итен оперативен третман, од типот на замена на инфраренална аорта.

Сл. бр. 1 Слика бр.2

Слика бр. 3 Слика бр. 4

Случај 2Пациент на 81- годишна возраст со руптура на аневризма на абдоминална аорта.Примен со болки во стомак од пред 3 дена. Направен е 64 МСКТ преглед на аорта, со наод за задржана руптурирана абдоминална аневризма (слика1, слика 2- бела стрелка, слика 3), со пречник 85 мм (слика 1, стрелка, слика 2, бела стрелка) и ретроперитонеален хематом. ( слика 2- црна стрелка, слика 4)Присутна аневризма и на лева заедничка илијачна артерија 65мм .Индидициран и направен итен оперативен третман, од типот на замена на инфраренална аорта.