Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

19.08.2016

ЛЕТЕН КАМП “МОЕТО СРЦЕ ВО СИТЕ БОИ”


И оваа година, од 3-ти до 8-ми август се одржа шестиот по ред Летен камп “Моето срце во сите бои” на кој што учествуваа деца кои во ФИЛИП ВТОРИ имале интервенции или операции на срце заедно со нивните родители. Кампот се одржа во заедничка соработка со Црвениот крст на град Скопје во прекраснот амбиент на одмаралиштето Солферино во Струга.

Низ опуштени, кративни работилници волонтерите на Црвениот крст во координација со тимот на психолози од Филип Втори заедно со децата создадоа весела и разиграна атмосфера од што произлегоа прекрасни ликовни творби, но и повеќе од тоа. Овие работилници им овозможија на децата да креираат нови прекрасни пријателства, да добијат поддршка и да ги истражат нивните потенцијали. Од овој камп произле и можност за идни другарувања.

Низ структурирана групна работа, психолозите од ФИЛИП ВТОРИ Фросина Ристовска и Илија Дојчиновски, со родителите обработија теми од посебен интерес за нив како што се мапирање на нивните потреби и родителствувањето. Д-р Дијана Попевски одржа едукативно предавање во кое ги запозна со природата на вродените срцеви маани, а акцент стави на спецификите за унапредување на квалитетот на живот кај нивните деца по интервенциите или ооперативните зафати.

Се надеваме дека и со овој летен камп, ФИЛИП ВТОРИ помогна во рушење на табуата поврзани со вродените срцеви маани и сплоти дел од семејствата кои поминувале низ слична животна приказна. Продолжуваме и понатаму да го трасираме патот кон нови успешни интервенции токму кај најмладите и нивните семејства.