Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

15.07.2021

Летото е време за забава, но сепак бидете внимателни

Гениталниот херпес е само една од опасностите на која не треба да се изложувате свесно

Гениталниот херпес е честа сексуално пренослива инфекција предизвикана од вирусот на херпес симплекс. Сексуалниот контакт е главниот пат на ширење на вирусот. По првичната инфекција, вирусот може да остане неактивен во организмот, а може и да се активира неколку пати годишно.

Херпесот на гениталиите може да предизвика болка, чешање и рани во пределот на гениталиите. Но, понекогаш иако сте заразени, можеби немате никакви знаци или симптоми. Во тој случај можете да го ширите, дури и ако немате видливи рани.
Гениталниот херпес не се лечи, но лековите можат да ги ублажат симптомите и да го намалат ризикот од инфицирање на другото лице (партнерот). Кондомите исто така помагаат во спречување на ширење на инфекција од генитален херпес.

Симптоми

Повеќето луѓе заразени со вирусот на херпес симплекс не знаат дека го имаат затоа што немаат знаци или симптоми или затоа што истите се многу благи.
Вообичаено, симптомите се манифестираат помеѓу вториот и дванаесеттиот ден по изложувањето на вирусот. Симптоми кои сигнализираат херпес на гениталиите можат да вклучуваат:

  • Болка или чешање. Може да почувствувате болка и осетливост во пределот на гениталиите се додека не се расчисти инфекцијата.
  • Мали црвени испакнатини или ситни бели плускавци. Тие можат да се појават неколку дена или недели по инфекцијата.
  • Чирови. Чир може да се формира кога меурите ќе пукнат или прокрварат. Чиревите можат да предизвикаат болно мокрење.
  • Кори. Кожата ќе формира кора со заздравувањето на чиревите.

За време на почетната инфекција, може да имате знаци и симптоми слични на грип, како што се отечени лимфни јазли во препоните, главоболка, болки во мускулите и треска.

Разлики во појавата на симптомите

Раните се појавуваат таму каде што инфекцијата влегла во телото. Инфекцијата може да се шири со допирање на раната, триење или гребење на друга област на телото, вклучувајќи ги и очите.

Раните може да се појават на следниве делови од телото:

  • Вагинална област
  • Грло на матката
  • Пенис
  • Скротум
  • Задникот и бутовите
  • Анус
  • Уста
  • Уретра.

Повторувањата се чести

Херпесот на гениталиите се варира во зависност од организмот на човекот кој е заразен. Знаците и симптомите може да се повторуваат од време на време и тоа да трае со години. Некои луѓе годишно доживуваат многу епизоди. Сепак, кај многу луѓе повторувањата се поретки како што одминува времето.За време на повторувањето, малку пред да се појават раните, може да почувствувате:

  • Горење, пецкање и чешање таму каде што инфекцијата прво влегла во телото
  • Болка во долниот дел на грбот, задникот и нозете

Сепак, повторувањето е помалку болнo и раните често зараснуваат побрзо.

Кога треба да одите на лекар

Ако се сомневате дека имате херпес на гениталиите или која било друга сексуално пренослива инфекција, посетете го вашиот специјалист гинеколог веднаш.