Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

04.08.2015

Малите херои од нашата болница

Малите херои од нашата болница
Летен камп за деца со вродени срцеви маани и нивните родители
И оваа година по традиција , веќе петти пат се реализираше Летниот камп за деца со вродени срцеви маани и нивните родителиподдржани од стручната помош и знаење на тимот на психолози и лекари од Специјалната болница „Филип Втори“ и од ентузијазмот на волонтерите од Црвен крст на град Скопје. Координатор на кампот беше Љубица Лилиќ психолог во нашата болница .Таа ни зборувше за активностите кои се реализираа во периодот Од 29.06 до 04.07 во Струга во Кампот Солферино .
„ Традиционално соработката помеѓу Црвениот крст на град Скопје и Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори“ продолжува активно. Секоја година кампот има свое име, лого и мото. Оваа година децата заедно со волонтерите го именуваа кампот„ Камп на Малите херои“. Мотото на овогодинешниот камп беше:„ Низ заедничка игра и учење да стигнеме до нови пријателства и спомени“. Активностите кои ни го исполнуваа секојдневието беа Креативни работилници со децата (кои се оперирани или имаат направено интервенција на срцето) во функција на надминување на трауматското искуство, градење на нов идентитет на здраво дете, интегрирање на детето во социјалната средина и едукација за важноста за хигиената во нивниот живот. Психолошката поддршка на родителите на деца со ВСМ пред се од тимот на психолози од „Филип Втори“ кои работеа низ различни тераписки техники : автоген тренинг за растоварување на стресот, изразување и споделување на емоциите во безбедна средина, поддршка на здравите капацитети, изнаоѓање на здрави начини да се надмине стресот и на крајот да се формира слика за себе, своето дете и своето семејство како здраво и функционално со можност за здрав напредок. Како особено важен дел е едукација на родителите и дел од децата со ВСМ за медицинските аспекти на нивната здравствена состојба. За таа цел и оваа година имавме специјално предавање од д-р Планинка Зафировска на тема „Секојдневието на вродените срцеви маани -патологија или заблуда.“ Дополнително докторката беше достапа и отворнан за медицински конслутации и прашањата на сите учесници на кампот.

Разговаравме и со некој од родителите на децата кои се оперирани или врз кои се извршени интервенции во болницата „Филип Втори“. Мајките на малите херои во овој камп се дружат , разменуваат искуства, секоја раскажува за она што го преживеала со болеста на своето дете. Искуствата се различни, надежта иста .
Дел од децата и родителите на овој камп доаѓаат уште од почетокот меѓу нив и С.Б мајка на сега 13 годишно девојче . Нејзината ќерка има вродена срцева мана, која е е откриена од првиот ден на раѓање. Уште во 2004 од Клиника биле испратени во Бугарија заради консултација, цената на интервенцијата била преголема за да си ја дозволат таму. Но разбрале дека и во „Филип Втори“ се прават истите интервенции. Примени се од д-р Милев и после долго следење и чекање на девојчето да порасне нејзиното срце е доведено во нормала. Импресиите од кампот се силни и големи како што вели таа, храбрењето на мајка со мајка е од големо значење за нив.

М.А е на кампот веќе три години запознава дечиња со истиот проблем, вели нивната живост, нивната насмевка е поттик за сите децакои овде живеат заедно.
А.Ф е родител кој трета година е на кампот. Нејзината ќерка уште од раѓање го има шумот на срце. Истиот е следен кога имала сам 2 дена. Заради шумот имала кревко здравје постојано престојувале по болници , слабокрвност, чести опструкции, инфекци.Но од како е направена операција во „Филип Втори“ се е поинаку. Мајките велат им недостига уште малку верба дека со нивните деца се ќе биде во ред., да се вратат во нормала и кон секојдневните предизвици на животот. Слични се приказните и на останатите, сите тие имаат иста судбина по болест, која ја победиле, го спасиле своето дете благодарение на лекарите од „Филип Втори“. Благодарноста ќе ја имаат цел живот.Детската насмевка нема цена а животот мора да се живее.

Целта е кампот е да се прошири со своите активности бидејќи ефектите во психолошка смисла за родителите се повеќе од евидентни. Родителите од еден камп на друг, растат се повеќе, созреваат и надминуваат стравови и лични бариери. Преку својот раст и развој тие им се пример за раст и на своите деца. Во некоја идеална и конечна форма овој камп би бил достапен за сите родители кои имаат потреба од ваков тип на поддршка, кон што ние како тим се стремиме, со огромната поддршка на академикот д-р.Жан Митрев.