Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

21.04.2021

Мирен срцев ритам со помош на електрофизиолошка студија

За да стане појасно што претставува електорфизиолошката студија и како таа придонесува за воспостваување на миран срцев ритам, најпрво да кажеме збор два за електорфизиологијата како наука.

Електрофизиологијата како наука всушност ги проучува електричните својства на клетките и на ткивата во еден организам. 
Во тој контекст електрофизиолошката студија претставува инвазивно испитување кое се применува со цел проценка, дијагностика и лекување на неправилен срцев ритам кај пациентите.

За време на ова испитување со помош на неколку специјални жици, кои се нарекуваат електродни катетери, поставени во срцето, докторот го утврдува електричниот систем на срцето . Преку нив се снима интракардијалниот електрокардиограм. Овие електродни катетери се внесуваат преку воведници поставени во вените од препоните, рацете, рамото или вратот.

Електродните катетери се користат за мерење на електрични сигнали кои срцето ги генерира и спроведува при неговата работа. Истовремено, преку истите жици се испраќаат електрични сигнали до срцето, со цел да се репродуцира абнормалниот срцев ритам.


Зошто се прави електрофизиолошка студија?


Со овие основни техники се испитуваат речиси сите видови пореметувања на срцевиот ритам, а се користат и за проценка на ефикасноста од медикаментозен третман кај некои аритмии.

Конкретно:

ЕФ студија се прави најчесто за да се лекува веќе потврдена тахикардија како и да се лоцира изворот на неправилниот срцев ритам кај пациентот.

ЕФ студија се препорачува и со цел да се процени ефикасноста на препишани лекови во лекување на неправилниот срцев ритам како и за правење проценка на причините за одредена несвестица, губиток на свест, срцебиење итн.

ЕФ студија се препорачува и поради утврдување на други причини кои предизвикуваат неправилна работа на срцето, а кои не можат да се утврдат со останатите неинвазивни методи.