Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

12.07.2013

“Моето срце во сите бои”

“Моето срце во сите бои”

Од 9. до 14. јуни оваа година, во комплексот “Солферино” во Струга, заедно со Црвениот крст на град Скопје, по четврти пат се одржа летниот камп “Моето срце во сите бои” под мотот “Дружбата и смеата во боите на виножитото”. И оваа година, децата со вродени срцеви маани заедно со нивните родители имаа прекрасна прилика да се дружат, и низ организирани работилници и игри да се доживеат себе како здрави личности на кои им претстои живот со многу предизвици на кои ќе можат да одговорат без стравот од болеста која претходно ја имале. На кампот учествуваа деца кај кои е направена некаква интервентна кардиолошка процедура или пак операција на срце. И овојпат родителите имаа одлична можност меѓусебно да ги споделат трауматските искуства низ кои поминувале заедно со нивните деца и со помош на психолозите, лекарите и младите волонтери да ги редефинираат од денешен аспект низ концептот “Моето дете е сега здраво”.

Оваа активност, единствена во земјава, која е препознатлива веќе за Специјалната болница за хируршки болести “Филип Втори” ќе продолжи и понатаму, со цел да се афирмира проактивниот и просоцијалниот капацитет кај оваа ранлива група, а со тоа и можноста кај овие засегнати личности да се поддржи здравиот концепт на индивидуално, семејно и пошироко општествено живеење.Во духот на негување на хуманите вредности, Специјалната болница за хируршки болести ја продолжува својата мисија.