Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

27.03.2014

Нега на болен базирана на eвропски стандарди

Нега на болен базирана на eвропски стандарди

Професионалната нега е процес на интеракција помеѓу тие кои ја вршат, пациентите и роднините, при кој заедно се оценуваат потребите на пациентот, се дефинираат целите, се планираат мерките, истите се извршуваат, а потоа се евалуираат резултатите. Овде се ориентираме по процес на здравствена нега. Негата е професија, која во интердисциплинарниот тим претставува една посебна квалификација. Ние, вработените во Специјалната болница по хируршки болести Филип Втори, сметаме дека сите професионални групи кои директно или индиректно се грижат за пациентот се рамноправни, колегијални, со меѓусебно разбирање и соработка. Се стремиме да ги исполниме петте функции за нега по решението за дипломска едукација за здравствена нега и нега на болен од швајцарскиот црвен крст: – поддршка и превземање на активностите од секојдневниот живот- следење во кризни ситуации, вклучувајќи ја и фазата на умирање- соработка при превентивни, дијагностички и терапевтски мерки- соработка при акции за спречување болести и несреќи, како и одржување и поддршка на здравјето – соработка при програмите за рехабилитација- соработка за подобрување на квалитетот и ефикасноста на негата, а со тоа и развој на професијата- соработка при истражувачки проекти во здравствениот систем

Негата го изразува нашиот основен став на кој се базираат нашите стандарди за нега, концепти и нашето секојдневно работење. Таа се извршува без оглед и без предрасуди за биографијата на пациентот, националноста, религијата и актуелните прилики во животот на пациентот. Го заштитуваме правото на пациентот за самостојно одлучување, неговиот приватен и интимен дел и строго се држиме до професионалната тајна. Прифаќаме дека секој човек индивидуално ги перцепира здравјето и болеста, се занимаваме со човечките искуства и потреби кои се поврзани со кризни ситуации и физички ограничувања. Ги стимулираме самоодговорноста и самостојноста на пациентот и го поддржуваме да ги совлада промените на животната состојба. Нам ни е важна задача, индивидуалното, достојно следење на тешко болните, како и поддршката на семејството во тешките моменти.Квалитетот на нашата нега се обезбедува со основниот етички кодекс на нашата организација, со декларација за нега, со стандардите за нега, кои редовно се унапредуваат со детален едукациски концепт за новите соработници и континуирана едукација на целиот тим. Овие стандарди се ревидираат во согласност со промените во препораките од соодветни светски институции и здруженија. Квалитетот на негата може да се евалуира и мери на база на деталната сестринска документација. Ги земаме во предвид анализите од анкетите на пациентите за нивното доживување од третманот, кои ги извршува психолошката служба.