Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

23.02.2015

Ново срце – најголем подарок за неговиот трети роденден


Ново срце – најголем подарок за неговиот трети роденден

Нашето искуство од 15 години кардиохирургија има опфатено третман на 793 деца, тоа се пациенти за кои кај лекарите се буди и непостоечкото шесто сетило. Еден од нив е малечкиот Т.С кој со неполни три години беше примен во нашата болница со една од почестите вродени срцеви мани од типот на вентрикуларен септален дефект која доведува до мешање на крвта во двете комори. По соодветна предоперативна подготовка , кај детенцето е направена хирушка корекција од типот на затворање на вентрикуларниот септален дефект со перикарден пач пластика и реконструкција на аортна валвула со анулопластика.Односно, комуникацијата е прекриена со парче од перикардиумот со што е оневозможено понатамошно мешање на крвта. Прстенот на аортниот залисток хирушки е намален, со што валвулата може да се затвора нормално и да нема враќање на крвта. Овој тип на операции секогаш се проверуваат со трансезофаегеална ехокардиографија чија анализа покажа уредна корекција на вродениот дефект кај пациентот.Датумот на роденденот на нашиот мал-голем јунак се совпадна со неговиот престој во болницата. Персоналот кој се грижеше за него му приреди иненадување со роденденска торта и подарок. Најголемиот подарок за неговиот трети и сите следни родендени е неговото „ново“ срце.Неговата детската насмевка беше одговор на се. Насмевка за живот.

Интраоперативно направено е трансезофагеална ехотомографија (ТЕЕ) при што е верифицирано постоење на ВСД (вентрикуларен септален дефект). Хемодинамиски и ритмички стабилен по излегување од сала со ниско дозирани катехоламини кои набрзо се исклучени. Екстубиран после 3 часа. Кристалоидно супституиран според хемодинамиските параметри. Електролитно супституиран според ацидобазниот статус. Вклучена антибиотска терапија. Задоволителна артериска оксигенација, уредни вредности на гасните анализи во крвта. Спроведена интензивна респираторна терапија и започнати постепени мобилизациски постапки кои уредно ги толерира. Во неколку наврати земени материјали за комплет лабораториски анализи, како и материјали за комплет микробиолошка дијагностика. Лабораториски параметри во граници на референтните вредности. Микробиолошки не се изолирани патогени бактерии. Вториот постоперативен ден, тимот на Филип Втори на малиот Борче му приреди изненадување со роденденска торта и мал подарок за неговиот трети роденден. Насмевката на неговото лице беше најголемата благодарност за нас. Немерливо е задоволството да се работи со деца, да се слушне нивниот плач, да се почувствува нивната топлина. Седмиот постоперативен ден се испишува на домашно лекување во добра општа состојба со препорака за редовни контроли.