Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

19.06.2017

Од “Фабрика на знаење“ со рафинирани насоки за управувањето со човечките ресурси

Со завршна свеченост беше крунисана успешноста на проектот “Фабрика на знаење“ на студентите од  Унивезитетот ФОН, во кој беше вклучена и Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ. Извршниот менаџер на болницата,  Александра Марковска, изрази задоволство од соработката во изминатиов период. Студентите кои беа поделени во два тима, ТИМ А и ТИМ Б имаа за задача да ја утврдат состојбата со управувањето на човечки ресурси во болницата, но и да дадат препораки за подобрување и унапредување на оваа значајна област во функционирањето на една современа организација.“ Ова е една исклучителна соработка помеѓу една етаблирана образовна институција и реалниот сектор и беше задоволство да се биде дел од овој проект. Исходот од севкупниот проект е многу корисен за нас. Конкретно, на нашата организација работеа студенти од ТИМ Б, додека од ТИМ А ќе биде ангажиран практикант“, објасни Марковска и дополни дека ваквите партнерства ќе бидат почеста пракса, а во насока на унапредување на функционирањето и следење на современите текови на управување со организации.