Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

18.12.2014

Оперативен третман на зголемување на машки полов орган – приказ на случај


Оперативен третман на зголемување на машки полов орган – приказ на случај

Дали големината на машкиот полов орган е нешто за што се зборува отворено или тоа е се́ уште табу тема? Дали големината е одговорна за нормално физиолошко живеење? Дали големината на пенисот влијае на психофизичката зрелост на мажите? И уште многу прашања кои почнуваат со Дали… можат да се формулираат на оваа тема. За жал, кај нас и во нашето општество, оваа состојба е се́ уште “забранета” за јавно размислување. Де факто, состојбата предизвикува бројни функционални абнормалности кои можат да влијаат на репродукцијата, психофизичкото, сексуалното и менталното здравје на поединци. Потребно е познавање на состојбата, како и изнаоѓање на можни решенија кои ќе го подобрат севкупниот квалитет на живот. Микропенис е состојба на невообичаено мали димензии на пенисот (ширина и должина). Критериуми за дефинирање на состојбата по новите светски уролошки guidelines (водичи) се дијаметар на пенисот помала од 2,5 цм и должина помала од 7 цм. Се јавува кај 0,6 % од мажите.

Етиологија – причина: 1. Редуцирана андрогена продукција • абднормален тестикуларен развој (Klinefelter syndrome, Leydig cell hypoplasia)• специфичен дефицит на тестостерон (машки полов хормон) или синтеза на дихидротестостерон (17,20-lyase deficiency, 5α-reductase deficiency)• синдром на неосетливост на андрогени, неадекватен одговор на жлездата во мозокот- гонадотропен дефицит • конгенитален хипогонадизам2. Недостаток на хормонот за раст3. Конгенитален хипопитуитаризам4. Експозиција на некои лекови за време на бременост (diethylstilbestrol)

Третман:1. Хормонски терман 2. Хируршки тертман – phalloplasty

Во Специјалната Болница по хируршки болести “Филип Втори”, од страна на Др. Горан Јовиќ, специјалист уролог се направи оперативен третман на зголемување на пенис кај млад маж на возраст од 40 години. Оперативниот тек одеше уредно. Се користеше материјал Permacol, како имплант, во дебелина од 1,5 мм. Постоперативниот тек, исто така, протече уредно. Самата хоспитализација траеше 24 часа. Контролниот преглед потврди комплетен успех на интервенцијата. Даден совет за физикална терапија во наредните шест месеци со користење на специјално дизајнирана вакум пумпа. Евидентна беше сатисфакцијата на пациентот и тимот.