Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

23.05.2023

Предизвиците со кои се соочуваат жените при состојбата на спуштен мочен меур

Што значи спуштен мочен меур?

Анатомски различно од мажите, кај жените предниот ѕид на вагината го поддржува мочниот меур. Со возраста вагиналниот ѕид може да ослабе, да се олабави или да се оштети како резултат на значителен физички напор, како што е породувањето. Ако состојбата многу се влоши, може да дојде до пролапс/испаѓање на мочниот меур, што значи дека мочниот меур ја изгубил поддршката и оди надолу во или надвор од вагината.

Она што треба да се знае е дека мочниот меур не се спушта изолирано туку секогаш е дел од комплексен, комбиниран спад на гениталните органи (вагина, матка).
Спуштениот мочен меур може да предизвика проблеми како што се потешкотии со мокрењето, непријатност или пак стресна инконтиненција на урината при која се случува неволно истекување на урина предизвикано од на пример: кивање, кашлање и напор.

Пролапсот на мочниот меур уште е наречен цистоцела. И тој како и пролапсот на вагината и матката има четири различни степени на спуштање согласно тоа колку мочниот меур и гениталните органи се спуштени во или надвор од вагината.

Симптоми на спуштен мочен меур

Првиот симптом што жените со пролапс на мочниот меур обично го забележуваат е присуството на ткиво во вагината. Истото вообичаено жените го опишуваат како топка.

Останатите симптоми кои се присутни го вклучуваат следново:

  • Непријатност или болка во карлицата
  • Ткивото излегува од вагината (ткивото може да биде чувствително и може да крвари)
  • Отежнато мокрење
  • Чувство дека мочниот меур не е празен веднаш по мокрењето (нецелосно празнење)
  • Стресна инконтиненција (истекување на урина при кивање, кашлање или напор)
  • Почести инфекции на мочниот меур
  • Болен однос (диспареунија)
  • Болка во долниот дел на грбот

Третман на спуштен мочен меур и генитални органи

Добрата вест е дека постои решение за оваа состојба. Најпрво, веднаш по дијагнозата, се прави индивидуална проценка на состојбата, по што следува препорака за оперативна корекција адекватна на степенот на пролапс, возраста на пациентката како и нејзините очекувања.
Овој зафат успешно го изведуваат искусните гинеколози при Клиничката болница Жан Митрев, а претставува златен стандард во третманот на спуштен мочен меур, вагина и матка. Истиот зафат обезбедува трајна корекција на сите елементи на пролапсот.