Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

24.01.2022

Преземете чекори за да спречите диабетес тип 2

Ризик фактори и превенција на дијабетес тип 2

Ако имате дијабетес, тоа значи дека нивото на шеќер во крвта е превисоко. Кај дијабетес тип 2, ова се случува затоа што вашето тело не произведува доволно инсулин или истото не го користи соодветно, што е познато како отпорност на инсулин. Ако сте изложени на ризик од дијабетес тип 2, можеби ќе можете да го спречите или забавите неговиот развој.

Кои лица може да бидат изложени на ризик од дијабетес тип 2?

Многу луѓе се изложени на ризик за дијабетес тип 2. Вашите шанси да се развиете дијабетес од овиј тип зависат од комбинација на повеќе фактори на ризик, како што се вашите гени и начин на живот. Факторите на ризик вклучуваат:

  • Преддијабетес: Ова значи дека имате нивоа на шеќер во крвта кои се повисоки од нормалните, но не доволно високи за да се наречете дијабетес.
  • Прекумерна тежина или дебелина
  • Наследен фактор: Имате членови на семејството со дијабетес
  • Висок крвен притисок
  • Ниско ниво на добар холестерол (HDL) или високо ниво на триглицериди
  • Дијабетес за време на бременоста
  • Бебе родено девет килограми или повеќе
  • Неактивен животен стил
  • Срцеви заболувања или сте имале мозочен удар
  • Депресија
  • Синдром на полицистични јајници
  • Пушењето

Како можам да ја спречам или одложам појавата на дијабетес тип 2?

Ако сте изложени на некој од овие ризици кои влијаат на развој на дијабетес, можеби ќе можете да работите на спречување или одложување на истите. Повеќето од активностите кои што треба да ги преземете вклучуваат поздрав начин на живот. Ако ги направите овие промени, едновремено ќе се случат и други здравствени придобивки. Можете да го намалите ризикот од други болести и веројатно ќе се чувствувате подобро и ќе имате повеќе енергија.

Затоа направете ги следните промени:

  • Намалете ги килограмите и одржувајте соодветна телесна тежина. Контролата на тежината е важен дел од превенцијата на појава на дијабетес. Можеби ќе можете да го спречите или одложите дијабетесот со губење на 5-10% од вашата моментална тежина. На пример, ако тежите 100кг вашата цел би била да изгубите помеѓу 4,5 и 9 килограми. Но она што е уште поважно е штом ќе ја изгубите тежината да се задржите на истата.
  • Следете план за здрава исхрана. Важно е да го намалите бројот на калории што ги внесувате секој ден за да можете да губите тежина или да ја задржите постоечката. За да го постигнете ова, вашата исхрана мора да вклучува помали порции и помалку масти и шеќер. Исто така, треба да јадете разновидна храна, вклучувајќи многу цели зрна, овошје и зеленчук. Исто така, добро е да се ограничи црвеното месо и да се избегнуваат месните преработки.
  • Вежбајте редовно. Вежбањето има многу здравствени придобивки, вклучително и можноста со редовно вежбање да изгубите тежина и да го намалите нивото на шеќер во крвта. И двете го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2. Минимумот кој треба да го применувате е: 30 минути физичка активност пет пати во неделата. Ако не сте биле активни, разговарајте со вашиот лекар за да ви помоге да одредите кои видови на вежби се најдобри за вас. Можете да започнете полека додека не ја достигнете целта.
  • Откажете се од пушењето. Пушењето може да придонесе за отпорност на инсулин, што може да доведе до дијабетес тип 2. Ако веќе пушите, обидете се да ги откажете цигарите.

Разговарајте со вашиот лекар кој ќе ви помогне да утврдите дали има нешто друго што можете да се направи за да го спречите или одложите дијабетесот тип 2. Ако сте изложени на висок ризик, вашиот лекар може да предложи да земете и некои лекови за дијабетес.