Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

15.04.2015

Приказ на случај на пациентка со ектопично панкреасно ткиво- сместено во антропилорниот дел на желуд

Проблемот е решен со двотретинска ресекција на желудникот по „Билрот-2“

Пациентка на 25 годишна возраст, хоспитализирана во ПЗУ Специјална болница за хируршки болести „Филип Втори“, за оперативно лекување.Анамнестички, се работи за тегоби кои се присутни кај пациентката веќе шеста година, а се карактеризираат со силна болка во епигастриумот(лажичка), проследена со гадење, повраќање и губење во телесната тежина.Понекогаш болките се грчевити и интензивни.Чувство на киселина во грлото и устата,а по секое внесување на мала количина на храна или течност се јавува уште посилна болка и повраќање. Пациентката претходно е испитувана и во други здравствени установи и дијагностицирано е гастроскопски, со биопсија и патохистолошка верификација на ектопично панкреасно ткиво сместено антропилорично.Со терапијата која пациентката ја примала во тек на претходните шест години тегобите воопшто не се смирувале. Гастроскопски повеќе пати е најден ерозивен гастрит. Индициравме оперативна интервенција Интраоперативно се најде ектопично ткиво на панкреас сместено во антропилорниот дел на желудникот на задниот ѕид, во пречник од 3см. кое се издига над слузница на желудникот, што чини посебни слузнични набори кои одат вртложно кон неговиот централен дел кој е во вид на мал кратер во пречник од 7-8 мм. Се направи типична двотретинска ресекција на желудникот по методата на Билрот-2, со гастроентеро и ентероентероанастомоза по Браун.Постоперативниот тек помина уредно, пациентката се воведе во нормална постоперативна исхрана, тегобите кои ги имаше предоперативно веќе ги нема.Патохистолошкиот наод на ресецираниот дел на желудникот ја потврди поставената дијагноза за ектопично панкреасно ткиво и тоа од егзокриниот дел на панкреасот.Присуството на ектопично ткиво на панкреас кое најчесто е сместено во желудникот, како и во тенкото црево-Мекелов дивертикул, со присутни долготрајни тегоби кои не се смируваат на конзервативно лекување, бараат неопходно оперативно лекување, односно најчето тоа е ресекција на дадената регија.Со тоа трајно се решава проблемот, а пациентот од таа страна е комплетно здрав.

Операцијата ја изврши д-р Бошко Ставрески , спец. по општа хирургија заедно со неговиот тим.