Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

16.09.2013

Психолошки третман на болка и развивање персона на здрава личност


Психолошки третман на болка и развивање персона на здрава личност

Пациентот А.Б. на возраст од 32 години хоспитализиран во СПХБ Филип Втори во два наврати со вкупен престој од два месеца. Лекарите се сомневаа на т.н. Bürger-ов синдром – прогресивно заболување кое ги зафаќа периферните крвни садови. За медицинскиот дел од третманот во целост се грижеа лекарите. Но, и од психолошки аспект овој пациент беше интересен.

Во првата фаза од психолошкиот третман комплетиравме проценка за личносните тенденции на пациентот да ја провоцира и/или одржува болката присутна, со психодијагностичкиот инструмент MMPI (Minnesota Multiphasic Personality Inventory). Скорови нe упатуваа на психогена болка заради што третманот беше насочен кон намалување на акутните болки на пациентот. Главно преку дефокусирање низ автогениот тренинг и масажната фотеља со шијацу масажа што овозможи мускулно опуштање и растоварување на кумулираната тензија што ги намали промените во афективитетот (напнатост, депресивно расположение, лутина, страв, анагажирани отпори).

Во претпоследната фаза (по извршената ампутација) кај пациентот се јави феноменот познат во медицината како фантомската болка. Имено, пациентот чувствуваше болка и во делот од ногата кој беше ампутиран. Наша задача беше преку континуирана психотераписка работа пациентот да се идентификува со проектираната болка во ампутираниот дел од ногата, да ја зголеми свесноста за природата на фантомската болка.Низ гешталт психотерапија пациентот експериментираше со прифаќање на една нова персона (Personality function) – од личност која не се грижела за себе, да прерасне во личност која се грижи за своето здравје; од личност која секогаш ги ставала потребите на другите како приоритет, да се промени и развие во личност која како најважен приоритет ќе го стави сопственото здравје и живот. Ова значеше и понатамошна соработка низ психотерапија со него за која тој беше подготвен.