Радиолошка евалуација на пациентите со COVID-19 – неопходна за третман и прогноза на болеста - Zan Mitrev Clinic

Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

26.10.2020

Радиолошка евалуација на пациентите со COVID-19 – неопходна за третман и прогноза на болеста

Од есенцијално значење во лекувањето на пациентите инфицирани со коронавирусот е откривањето на промените во белите дробови во раните стадиуми, кога лекувањето во висок процент е успешно – вели д-р Елена Пижула, специјалист по радиодијагностика во нашата клиника.

Откривањето на промените на белите дробови може да се постигне единствено со навремено синимање на белите дробови (препораки од европско здружение за торакална радиологија издадено на 02.04.2020).

За таа цел  белите дробови се снимаат со:

-Конвенционална метода (графија на бели дробови)

-Компјутеризирана томографија на тораксот

Рендгенските графии –се прават почесто и рутински, но во раните фази на болеста постои можност воспалителните промени да не се визуелизираат, што  во понатамошниот тек ,  јасно се детектираат  и истите  имаат свој развоен тек. Графиите  на белите дробови даваат можност  и за компарација со предходните наоди со што се добиваат  информации и следливост, дали болеста напредува, се влошува или промените се во фаза на ресорпција т.е во насока на оздравување.

На рендгенските графии на белите дробови нејчесто се детектираат интерсициски промени обострано, потоа се јавува и радиолошка слика на непрозирно заматено стакло како и дифузни  дамчесто-тракасти засенчувања кои се знак за постоење за воспалителни инфилтрати.

КТ на торакс како високо сензитивна  метода за детекција на промените во белите дробови ни дава информации и во релативно раните фази на болеста.

КТ на торакс кај пациентите со COVID-19 најчесто покажува:

Во иницијалниот, почетен стадиум на болеста се воочуваат мултипни мали дамчести и интерстициски промени кои се видливи на периферните делови на белите дробови.

-опацификација на заматено стакло, со или без консолидациски абнормалности, конзистентни со вирусна пневмонија;

-наодот најчесто е билатерален (ги опфака двете белодробни крила);

-има периферна дистрибуција и ги вклучува и долните белодробни лобуси;

Тие промени еволуираат во мултипни ареали на заматено стакло и ареали на воспалителни инфилтрати.

Во тешки случаи може да се детектира белодробна консолидација обострано која е поврзана со лоша прогноза.

Во многу ретки случаи се срекава наод на плеврален излив, задебелување на плеврата и лимфаденопатија.

Одлуката за тоа, која метода на снимање ке се примени кај пациентите суспектни или заболени од COVID-19 инфекцијата е оставена на проценка  на клиничкиот тим на лекари, во зависност од факторите на ризик за настанување  на потежок облик на болеста, позитивност на PCR тестот, коморбидитети итн.

Диференцијална дијагноза:

COVID-19 пневмонијата потребно е да се разликува од другите вирусни пневмонии (на пр. aденовируси, причинети од вирусот на инфлуенца) или пневмонии причинети од микоплазма.

Во предвид може да дојдат и незаразни болести како што се васкулити, дерматомиозитис и бактериски пневмонии.

Суспектните случаи петребно е да се додиференцираат со брза детекција на антиген или PCR, да се следи клиничката слика и дополнителните лабараториски параметри.

Репрезентативни радиолошки наоди на белите дробови во различни развојни фази на болеста:

1. Компарација на графија на бели дробови со КТ на торакс (ареали на опацификација на заматено стакло во десниот долен лобус) кои во раниот стадиум на болеста не се видливи на рендгенграфијата.

2. Серија на графии на белите дробови од прием на пациентот, со фулминантен развој  на наодите во тек на 72 часа (од билатерларна нејасно дефинирана консолидација со периферна дистрибуција до типичен радиолошки наод на ARDS).

3. CT на торакс во една рана фаза на COVID-19, со широка дистрибуција на ареали на т.н заматено стакло-опацификација без консолидација.

4. CT на торакс кај пациент со COVID-19 инфекција во подоцнежна фаза од болеста (приказ на билатерални субплеврални т.н. ареали на заматено сакло, со консолидација во десен долен лобус, тракциони бронхиектазии и фиброзно-тракасти промени).

Крајно, можеме да заклучиме, дека од круцијално значење во борбата со COVID-19 пандемијата претставува навремена радиолошка дијагностика и следење, со што во голем процент се зголемува успешноста во лекување и излекување на пациентите.