Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

13.12.2013

Рано откривање на ракот на дебелото црево


Рано откривање на ракот на дебелото црево

Кои се причините за развивање на рак на дебелото црево?

Причината за развој на ракот на дебелото црево како и причината за повеќето малигни болести останува непозната. Сепак во долгогодишните испитувања на светските истражувачки институти за канцер непобитни се некои факти кои се дел од повеќето причини за развој на оваа малигна болест.

Полипи на дебелото црево Полипите се број 1 ризик фактор за развој на рак на дебелото церво. Може да се јават на било кој дел на дебелото црево и не мора да бидат проследени со симптоми

Фамилијарна предиспозиција и наследни факториБлизу 25% од болните имаат позитивна фамилијарна анамнеза што упатува на наследна предиспозиција. Што значи тоа? Доколку некој од семејството имал тумор на дебелото црево (мајка, татко, баба, дедо, вујко, чичко) независно од која страна, има зголемен ризик во животот да заболи од оваа болест.

Начинот на исхраната и стилот на живот Исхраната игра несомнено голема улога во развојот на рак на дебелото црево. Тоа ја вклопува оваа болест како “болест на развиените општества”, каде се живее динамично и се конзумира претежно брза храна која е богата со животински масти.

Симптоми:

Ректалното крварење е еден од честите симптоми кој го прати ракот на дебелото црево. Крвта е помешана со столицата и истата е потемна, но може и да е посветла (кога пациентите мислат дека се работи за хемороиди) при што не се обрнува посебно внимание со што се прави фатална грешка. Друг симптом кај ова заболување е истенчување на изметот (тој се истенчува како врвка). Можна последица на напреднат процес кој ја стеснува внатрешноста на цревото правејќи ја тесно проодна за изметот. Слабокрвноста е симптом кој е присутен кај многу заболувања,но исто така и речиси секогаш присутна и кај оваа болест.

Дијагноза:

Точната и навремена дијагноза е условена од адекватана припрема за преглед. Така да доколу болеста се открие во рана фаза (царцинома ин ситу) истата е во потенцијално излечива фаза. Дијагнозата на рак на дебелото црево најточно се поставува со: Колоноскопија -Тоталната колоноскопија насекаде во светот претставува златен стандард за дијагноза на ракот на дебелото црево. Се работи за инструментален преглед со дијагностичка точност над 95% .

КОЛОНОСКОПИЈА СО АНЕСТЕЗИЈА во специјалната болница Филип Втори се изведува во општа анестезија (интравенска анестезија, не класична анестезија со интубација), која се практикува секаде во модерните болници во светот и нуди апсолутно безболен преглед каде што пациентот е под константна контрола на високостручен анестезиолошки тим. Со тоа прегледот е комплетно безболен а пациентот по 90 минути ја напушта болницата и продолжува со нормални секојдневни активности.

Лекување:

Лекувањето на ракот на дебелото црево е првенствено хируршко (се отстранува туморот со дел од цревото), а потоа пациентот по упат и проценка на хирургот се лекува на Институтот за Онкологија и Радиотерапија.