Закажете преглед

Закажи преглед

Земањето на примероци за анализа за COVID-19 се врши единствено по претходно закажување

Почитувани,

Ве информираме дека примањето и земањето на примероци за анализа за COVID-19 се врши единствено по претходно закажување.

Пожелно е сите закажувања да се вршат електронски преку следнава електронска пошта: infosalter@zmc.mk.

Доколку немате можност да го направите закажувањето електронски, Ве молиме да се јавите на тел. 02/3091-484 секој ден во период од 07 до 19 часот.

Со почит,

Жан Митрев Клиника

389 2 3091500

04.02.2020

Се одбележува Светскиот ден на ракот под мотото „Јас сум и Јас ќе “


Денеска се одбележува Светскиот ден на ракот. Тој има за цел да спречи милиони смртни случаи секоја година преку подигање на свеста и едукација за канцерот со влијание врз владите и поединците ширум светот да преземат акција против оваа болест.

2020 година е средината на 3-годишната кампања „Јас сум и Јас ќе“.

„Јас сум и Јас ќе “ е моќен повик за акција повикувајќи на лична обврска и ја претставува моќта на индивидуалните активности преземени сега да влијаат врз иднината.

 Ракот претставува голема група на болести, кои вклучуваат неконтролиран раст на клетките. Клетките се делат и растат неконтролирано, формирајќи малигни тумори. Ракот може да се прошири на околните ткива, а исто така, може да се прошири и на подалечни делови на телото преку лимфниот систем или крвотокот. Сепак, не сите тумори се канцерогени.

Ракот предизвикува 20% од смртните случаи во Европскиот регион. Секоја година, со повеќе од 3 милиони нови случаи и 1,7 милиони смртни случаи, ракот е најважната причина за смрт и морбидитет во Европа по кардиоваскуларните заболувања.

Се проценува дека бројот на смртни случаи од рак двојно ќе се зголеми во следните 20 до 40 години, со најголем пораст во земјите со низок и среден приход, односно оние земји кои имаат помала можност да се справат со социјалното и економското влијание на болеста.

Ракот во многу случаи може да се избегне, а раното откривање значително ја зголемува можноста за лекување. Веќе доволно се знае за причините за канцер за да може да се спречи најмалку една третина од сите видови на рак, а некои од најчестите видови – вклучувајќи рак на дојка, колоректален и цервикален карцином – може да се излечат ако се откријат рано.

 

На глобално ниво, повеќе од 70% од сите смртни случаи од рак се јавуваат во земјите со низок и среден приход, кои имаат малку или никакви ресурси за превенција, дијагностицирање и лекување на ракот.

Без оглед на нивото на ресурси, сите земји можат да ги имплементираат четирите основни компоненти на контрола на ракот:

– превенција,

– рано откривање,

– дијагностицирање

– лекување и палијативна нега

Со тоа може да се избегне појавата на многу нови случаи на рак, многу случаи да се излекуваат, како и да се намали страдањето на заболените од рак.

Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт во светот. Во Македонија после болестите на циркулаторниот систем малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт. Во периодот 2010-2018 година стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100000 население во 2010 година до 179,8%000 во 2018 година.

Во периодот 2010-2018 година стапката на морталитет од малигни неоплазми на возраст над 65 години бележи надолен тренд и се движи од 881,1 во 2010 година до 805,1 во 2018 година на 100000 население.

Кај мажите најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2018 година е малигната неоплазма на бронх и бел дроб со стапка на морталитет која се движи од 64,8 во 2010 година до 66,9 во 2014 година и 68,3 на 100 000 мажи во 2018 година.

Кај жените најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2018 година е малигната неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30,0 во 2010 година до 26,4 во 2018 година на 100 000 жени.

Клучни факти за канцер

  • 9,6 милиони луѓе умираат од рак секоја година.
  • Најмалку една третина од честите форми на рак може да се спречат.
  • Ракот е втората водечка причина за смрт во светот.
  • 70% од смртните случаи од рак се јавуваат во земјите со низок и среден приход.
  • До 3,7 милиони животи може да се спасат секоја година со спроведување на соодветни стратегии за превенција, рано откривање и третман.
  • Вкупната годишна потрошувачка за ракот се проценува на 1,16 трилиони американски долари.

( Информации од Институт за јавно здравје )