Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

15.12.2021

Што доколку имате повреда на вкрстените лигаменти на коленото?

Повреди и дијагноза на вкрстените лигаменти


Многу луѓе практикуваат спортови со висок интензитет без да бидат физички подготвени, а една од последиците предизвикани од тие спортови се повредите.
Најчести се оние поврзани со вкрстените лигаменти предизвикани од практикување на спортови кои вклучуваат нагло менување на интензитетот, запирање, скокање и ненадејно менување на насоката на движење како фудбал, кошарка, тенис, скијање итн.

Дали знаете како да препознаете повреда на лигаментите?


Во повеќето случаи, постојат низа симптоми кои можат да ве натераат да се сомневате дека имате повреда од овој тип, но важно е да запомните дека за да поставите правилна дијагноза задолжително треба да посетите лекар.

Дел од симптомите може да бидат:

• Силно крцкање во коленото
• Тешкотии при обидување да ја издржите својата тежина на конкретната ногата
• Силна болка и неможност да продолжите да се движите поради болка
• Оток во зафатениот дел
• Нестабилност

Како се дијагностицира и како да се лекува?


За да дијагностицира, лекарот го испитува коленото на пациентот користејќи конкретни методи како: рентген, МРИ (магнетна резонанца) или ултразвук. Овие испитувања ќе помогнат за лекарот да ја процени сериозноста и да знае како да ја третира ваквата повреда.

Грижата за прва помош може веднаш да ја намали болката и отокот и вклучува:

  • Одмор: неопходен за заздравување и ограничување на тежината што коленото мора да ја поднесе.
  • Мраз: се препорачува да ставате мраз на колено на секои два часа по 20 минути
  • Компресија: Се препорачува коленото да се завитка со еластичен завој за да има компресија околу него и да биде заштитено.
  • Висина: препорачливо е да се стави предмет за потпирање (перница) одоздола за да се подигне ногата.
  • Рехабилитација: Во некои случаи, неопходно е да се оди на сесии за рехабилитација со физиотерапевт за да се изведат одредени вежби кои помагаат да се подобри состојбата.
  • Хирургија: Одлучувачки ќе биде степенот на нестабилност што го прикажува коленото по повредата. Доколку пациентот не реагира добро во зглобот и повредата е сериозна, треба да се направи операција. Во овој случај, процесот на лекување и закрепнување е подолг.

Доколку страдате од некој од горе сппоменатите симптомите, треба да се консултирате со вашиот лекар за да добиете правилна дијагноза. Во Клиничката болница Жан Митрев имаме Оддел за ортопедија составен од стручен тим од специјализирани лекари кои ќе ви направат целосна дијагноза и ќе го следат целиот процес на повреда и закрепнување.

За да закажете термин може да се јавите на 02/3091-484