Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

22.01.2021

Што претставува ХПВ вирусот?

Идентификувани се повеќе од 100 видови на хуман папиломавируси (ХПВ) и приближно половината од нив го инфицираат гениталниот тракт. Неколку видови на ХПВ  се пронајдени кај пациентки кои имале карцином на грлото на матката, додека други видови на ХПВ се пронајдени многу ретко или воопшто не се срекаваат кај пациентки со карцином на грлото на матката, што довело до класифицирање на “високи” и “ниско ризични” ХПВ. ХПВ вирусот може да доведе до аногенитални и орофарингеални карциноми, како и промни на кожата во вид на брадавици.

Што претставува ХПВ вирусот?

ХПВ вирусот е најчестата сексуално пренослива инфекција. Овој вирус е различен од ХИВ и Херпес вирусот.  ХПВ е толку честа инфекција  што скоро  85% од сексуално активни мажи и жени се заразуваат во одреден момент од нивниот живот. Денес постои вакцина за најчестите и најопасните видови на ХПВ, која се смета дека ке го искорени карциномот на грлото на матката.

Како се добива ХПВ вирусот?

Можете да добиете ХПВ со орален, вагинален или анален секс со лице кое има вирус, како и при допир кожа со кожа. ХПВ може да се пренесе и кога заразеното лице нема знаци или симптоми.

Секој што е сексуално активен може да добие ХПВ, дури и ако има секс само со една личност. Вие исто така може да имате симптоми неколку години по сексуалниот однос со заразено лице, што го отежнува моментот да знаете кога сте се заразиле.

Дали ХПВ вирусот предизвикува рак?

ХПВ може да предизвика рак на грлото на матката и други видови на рак како што се рак на вулва, вагина, пенис или анус. Исто така, може да предизвика рак во устата, на дното на јазикот и крајниците (наречен рак на орофаринксот). Понекогаш потребни се години за појава на рак предизвикан од овој вирус. Видовите на ХПВ вирусот кои можат да предизвикаат брадавици на гениталиите не се исти со оние што можат да предизвикаат рак.

Не може да се утврди кои лица со ХПВ ќе добијат рак или други здравствени проблеми. Луѓето со слаб имунолошки систем (вклучително и лица со ХИВ / СИДА) може да бидат помалку способни да се борат против ХПВ и имаат поголема веројатност да имаат здравствени проблеми предизвикани од вирусот.

Како да знам дали имам ХПВ?

Постои тест со кој се утврдува дали жената има ХПВ и секако кој тип на ХПВ е присутен.

Начинот на земање на материјал за овој тест е многу сличен со постапката на земање на микробиолошки брисеви или Пап тест кај жената. Разликата е во соодветниот медиум и понатамошната обработка на материјалот.

Повеќето лица со ХПВ не знаат дека се заразени и никогаш немаат симптоми или здравствени проблеми од вирусот. Други лица откриваат дека имаат ХПВ кога ќе добијат брадавици на гениталиите. Жените можат да откријат дека имаат ХПВ кога ќе добијат абнормален резултат на ПАП-тест (од тестот за скрининг на карцином на грло на матка). Другите може да дознаат само откако ќе добиват посериозни проблеми предизвикани од ХПВ, како што е појава на карцином.

Дали ХПВ вирусот може да се лечи, или пак да се лечат промените предизвикани од овој вирус?

Не постои специфичен третман за самиот вирус. Сепак, постојат третмани за промените што ХПВ може да ги предизвика.

-Преканцерозната состојба на грлото на матка може да се третира. Жените кои имаат редовни пап-тестови и прават редовни превентивни прегледи, можат да ги идентификуваат проблемите пред да се развие карциномот на грлото на матката.