Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

16.11.2020

Синдром Х -Градна болка со уредни коронарни артерии

Приближно   кај 20% од пациентите со акутна или хронична болка во градите, направената  селективната коронарографија како главна процедура која ги прикажува срцевита артерии не покажува видливи стеснувања на коронарните артерии кои го исхрануваат срцевиот мускул.

Повеќе од 50 години  оваа состојба е позната во медицината како ангина пекторис со нормални коронарни артерии  или СИНДРОМ Х.

Главните карактеристики на овој синдром се:

– појава на ангинозна градна болка во времетрање подолго од 10 минути до неколку часа вообичаено при физичко или психичко оптеретување но и во мирување

-докажана исхемија на срцевиот мускул  при реализација на стрес тест  и

– комплетно нормален наод на коронарната ангиографија.

Една од главните причини за болка во градите кај овие пациенти кој имаат нормални коронарни артерии е  оштетување на микроциркулацијата на  срцевиот мускул.  Функционалните и анатомските промени во микроциркулацијата на срцевиот мускул  предизвикуваат вазоконстрикција односно спазам на малите крвни садови-капилари  при што се намалува дотокот на крвта на срцето предизвикувајќи миокардна исхемија и чувство на болка во градите.

Поради тоа што главниот проблем кај овој синдром не се големите коронарни артерии туку малите капиларни крвни садови овој синдрома се нарекува и Микроваскуларна ангина. Некои експерти веруваат дека луѓето кои ја имаат оваа состојба може да имаат абнормална чувствителност на болка во срцевиот мускул..

Застапеноста на СИНДРОМОТ Х во популацијата е прилочно големо и денеска претставува вистински проблем во здраство. Многу почест е кај жените (типично, жени во менопауза) отколку кај мажи.

Поради изразени симптоми на градна болка која вообичаена е од хроничен карактер пациентите често се подвргнуваат на скапи дијагностички процедури, често одат на контролни прегледи и примаат големо количество на медикаменти.

Но важно е да споменеме дека  пациентите со СИНДРОМОТ Х  во суштина имаат одлична  прогноза и покрај намалениот квалитет на живот поради честите и повторливите градни болки. Само кај  мал број на пациенти можат да се појавуваат компликации од типот на кардиомиопатии и аритмии.

Д-р Шпенд Идризи
Спец. По интерна медицина, Супспец. по кардиологија