Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

17.02.2016

Соработката помеѓу тимот на д-р Жан Митрев и ракометниот камп „ Кирил Лазаров 7 “ продолжува и оваа година


Како што беше најавено и лани на официјалното потпишување на договорот помеѓу д-р Жан Митрев како директор на Специјалната болница „Филип Втори“ и Кирил Лазаров како заштитно лице на КМГ Спорт агенцијата, меѓусебната соработката продолжува и оваа година.

Средбата на ракометарот на Барселона Кирил Лазаров и д-р Жан Митрев се случи непосредно пред заминувањето на капитенот на македонската репрезентација кон исполнување на своите обврски во пролетниот дел од сезоната кон европскиот шампион Барселона.

„Еден од темелите на овој проект, многу важен за мене и мојот тим е секако и партнерството со болницата на д-р Жан Митрев, во сегментното на здрави животни навики како предуслов за создавање на здрава иднина и здрави спортисти. Самото учество на една врвна здравствена институција како што е „Филип Втори“ дава една посебна тежина на кампот каде што се создаваат идните македонски репрезентативци и пред се комплетни личности. Среќен сум што продолжува нашата заедничка соработка во градење вредности како што се подигање на здравствена култура на населението, со нагласок на младите генерации. .- потенцираше нашиот најдобар спортист Кирил Лазаров на средбата со д-р Жан Митрев.

Новата болница која се гради изминативе 3 години беше местото каде што се сретнаа двајцата асови.

„Драго ми е што ја продолжуваме соработката со најдобриот ракометен голгетер на планетава и што заедно работиме во името на здравјето и добрите нешта во животот, преку едукација на децата. Продолжувањето на овој договор го официјализираме овде во оваа нова болница која официјално ќе се отвори на 1 март со што Македонија ќе добие една од најмодерните болници во Европа. Со највисоката smart технологија применета во медицинските апарати, современа технологија на изградба на објектот, болница со сите европски стандарди на работа А тестирана, ЕКО зелена зграда. Оваа болница го има најмодерниот дијагностички центар , сали за ангиографија, компјутерска томографија, магнетна резонанца (со максимална безбедност на пациентите и најпрецизни резултати) како и оддели за интензивна и полуинтензивна нега . Располага со 6 модуларни операциони сали, покрај стандардните болнички легла нудиме можност и за DE LUX апартманско сместување на пациентите. Мојот тим и овој јуни ќе го даде максимумот од себе за здравјето на децата кои ќе бидат во кампот. Преку 24 часовниот здравствен мониторинг на децата, со 2 доктори, физиотерапевт и психолог. Децата пред заминување во Охрид исто како и минатата година ќе бидат комплетно прегледани од наша страна , за да бидеме сигурни во нивната здравствена состојба додека ги учат ракометните вештини од најдобриот ракометар.“ Изјави д-р Митрев .

Едукацијата за здравјето добрите животни навики во функција на спортот ќе бидат задолжителен дел и оваа година, а за нив е задолжен тимот на д-р Митрев, кој истите ќе ги спроведе преку работилници.

„Ракометниот камп Кирил Лазаров 7“, во 2016 година заради огромниот интерес од страна на децата ќе се одржи во 2 смени во периодот од 17-23 и 24-30 јуни.