Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

25.12.2020

Совети за вашата исхрана за време на празниците

За време на новогодишните празници вообичаено подготвуваме големи количини разновидна храна, која уживаме да ја споделиме со поширокото семејство и пријатели. Оваа година поради пандемијата, дружењето ќе биде ограничено, а тоа значи дека треба да обрнете внимание на количината храна која ќе ја подготвите. Не претерувајте, но истовремено следете ги и препораките во поглед на типот на храна која може да предизвика непријатност при варењето. Ова се однесува и на консумирањето алкохол и газирани пијалаци.

Иако се празници, сепак може да се погрижите да уживате во храна која е здрава, избегнувајќи консумирање на прекумерни количини.  Оваа година имате и повеќе време да експериментирате со нови, здрави рецепти.

Но доколку сепак решите да одите со новогодишната класика, имајте ги на ум следните совети:

  • Избегнувајте полуподготвена храна со многу зачини, сосови и прекумерна количина алкохолни пијалаци.
  • Консумирајте умерено месо и доколку е можно со помалку маснотии: пилешко или риба (скуша, лосос, туна, пастрмка). Тие се најдобрите сојузници за намалување на лошиот холестерол и одржување на маснотиите бидејќи содржат омега 3 масни киселини.
  • При готвењето користете масла со добар квалитет како што се маслиново, ленено, сончогледово или пченкарно. Овие масла содржат незаситени масти кои го намалуваат лошиот холестерол. Исто така, содржат природни антиоксиданти како витамин Е.
  • Консумирајте јаткасти производи како што се ореви, бадеми, лешници, ф’стаци бидејќи тие му обезбедуваат на вашиот организам мононезаситени масти и антиоксиданти.
  • Изберете пијалоци без шеќер како што се вода, минерална вода, лесно газирани пијалоци без шеќер и природни свежо цедени овошни сокови. Важно е да останете добро хидрирани.
  • Вечерајте лесна храна навечер и не прескокнувајте оброци, бидејќи тоа може да доведе до прејадување.
  • Заменете го мајонезот или сосевите со обезмастено млеко или посен мајонез. Евентуално можетеда консумирате моцарела или друго не многу солено бело сирење.
  • Не заборавајте на физичката активност. Иако се празници сепак би можеле одвоите време за пешачење во парк, возење велосипед па и во домашни услови. Ова ќе ви помогне да ги согорите вишокот внесени калории.
  • Во следниот период, се препорачува детокс диета заснована на овошје, зеленчук и билни чаеви.

Не ги заборавјате салатите направени од свеж зеленчук. Тие му обезбедуваат на вашиот организам фитостероли, витамини и минерали кои помагаат во намалувањето на холестеролот. Подобри ефекти  ќе добиете од нив доколку ги консумирате сирови. Додадете зелка, брокула, карфиол и лук како зачин или кондимент за замена на солта. Сите овие заедно со кромидот содржат соединенија на сулфур кои ја подобруваат циркулацијата и кардиоваскуларната активност.

Овошјата се исто така важни. Во овој период сезонските овошја како калинки, цитрусните: мандарини, портокали, цитрони. Секогаш присутните банани.

Црвените или синкавите плодови како сливи, цреши, малини и боровинки иако во овој период во замрзната форма, се богати со антоцијани, природни антиоксиданти кои спречуваат натрупување на маснотии на внатрешните sидови на артериите. Грозјето кое сеуште можете да го најдете во маркетите содржи ресвератрол, природна супстанца која го штити срцето од хиперхолестеролемија, високи триглицериди и висок крвен притисок.

Празниците се токму за да уживаме во нив, да го избереме најдобриот и најздравиот начин, без претерување или забрани. Среќни празници!