Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

27.03.2014

Стрес ехокардиографија

Стрес ехокардиографија

Стрес ехокардиографијата е испитување кое користи ултразвучни техники за одредување како срцевиот мускул реагира при физички, фармаколошки или електричен стрес. Тоа е безболна процедура, која постигнува слична дијагностичка и прогностичка точност како и радионуклидните перфузиски тестови, но за значително пониска цена, без негативно влијание врз средината и без последици за пациентот и докторот. Прецизноста на стрес ехокардиографското испитување за откривање на значајна коронарна болест е помеѓу 80-90% и го надминува класичниот коронарен стрес тест, особено кај жени и пациенти со хипертрофија (задебелување) на левата комора. Стрес ехокардиографијата е моќно прогностичко средство кај хронична коронарна болест, после инфаркт на миокардот и кај евалуација на пациенти пред голема не-кардиохируршка операција. Се користи за проценка на кинетиката на зидот на левата комора, проценка на вијабилитетот на миокардот и проценка на големината на аортната стеноза. Постојат повеќе индикации за изведување на стрес ехокардиографско испитување. Тоа се: А. Дијагноза на коронарна болест:1.Пациенти кај кои стрес тестот е контраиндициран 2.Пациенти кај кои стрес тестот не е можно да се изведе (на пример пациенти кои тешко се движат поради проблеми со колена, колкови итн. ) 3.Пациенти со недијагностички или граничен коронарен стрес тест4.Блок на левата гранка5.Стрес тест на субмаксимални вредности ( пр. пациенти со слаба физичка кондиција)6.Проценка на вијабилитет кај високо ризични пациенти за коронарен бајпас операција (дали пациентот ќе има корист од бајпас операција). Б.Прогноза и стратификација на ризик кај пациенти со позната коронарна болестВ.Проценка на оперативен ризикГ.Евалуација за срцева етиологија на диспнеа (глад за воздух на напор)Д.Евалуација после реваскуларизацијаЃ.Локација на исхемијаЕ.Евалуација на тежина на валвуларна стеноза.

Дијагностицирањето на коронарната артериска болест се постигнува преку провоцирање на транзиторно влошување на функцијата на срцето со користење на соодветен стрес фактор. Знак за исхемија во тек на стрес ехокардиографијата е влошување на функцијата на срцето во дел кој бил нормален пред почеток на испитувањето односно пред подлегнување на стрес агенсот. Знак за вијабилност на миокардот е подобрување на функцијата на миокардот на ниски нивоа на стрес во дел од срцето кој бил со пореметена функција претходно. Стрес ехокардиографското испитување може да се изведе со користење на добутамин, дипиридамол или со велосипед. Добутаминското ехо е подобро кај пациенти со бронхијална астма или проблеми во спроводниот систем на срцето, додека дипиридамолскиот тест се препорачува кај пациенти со тешки аритмии или тешка хипертензија. Денес, стрес ехокардиографијата претставува најдобар (најекономичен, најефективен во однос на ризикот) можен метод за откривање на коронарна болест помеѓу неинвазивните дијагностички процедури во кардиологијата. Испитувањето се изведува најмногу 20 минути, во амбулантски услови.Оваа метода се изведува рутински во кабинетот за функционална дијагностика во рамките на специјалната болница по хируршки болести ”Филип Втори”.