Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

28.06.2017

Светли примери вредни за поддршка и почит


Посветеноста во учењето, темелноста, но и желбата да се истражува, а и тие резултати да се презентираат на меѓународен план вродува со награди. Факт кој ни го потврдија младите Симона Даиловска и Тамара Мичевска од Тетово со осовено третото место на меѓународниот средношколски натпревар- GENIUS OLIMPIAD во Њујорк. Тие се нашите млади научници, средношколки од 3-та година, на кои д-р Жан Митрев им даде поддршка за нивното учество на годинешната средношколската олимпијада која се одржа од 12-19 јуни, а на која учествува над 110 средношколци од  80 држави од целиот свет.

По враќањето од Њујорк, горди на добиените бронезни медали не посетија во болницата за да ги споделат нивните впечатоци. „Нови пријателства, вмрежувања со средношколци од целиот свет, размена на идеи се само некои од придобивки од ова искуство. Голема благодарност до сите кои нѝ дадоа морална и финансиска поддршка, особено на д-р Жан Митрев кој ги препозна нашите напори и желба да се претставиме во најдобро светло“, зборуваа двете средношколки од Јахја Кемал Колеџот.

Пред судиите и организаторите, но и останати средношколци Даиловска и Мичевска се преставија со проект за „Влијанието на бучавата врз здравјето на луѓето“ во категоријата наука. Дека се работи за значајно истражување потврди уште една награда, односно освоено трето место на меѓународен средношколски натпревар во Кенија организиран пред неколку месеци. Додадена вредноста на овие меѓународни натпревари тие ја гледат во предноста при аплицирање за студирање надвор од земјата, подобар пласман и можност за стипендирање. Им посакуваме многу успеси и понатаму, нека има уште многу вакви светли точки кои го трасираат патот кон иднината!