Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

25.11.2015

Тимот на д-р Жан Митрев ќе се грижи за здравјето на најбрзиот автомобилист во Европа


Најдобриот македонски и европски автомобилист Игор Стефановски – Иџе е уште еден спортист,  зад кој,  како здравствена институција застана Специјалната болница  „ Филип Втори “.  Иницијативата  на Академик  д-р Жан Митрев за професионална грижа и контрола на здравјето на најдобрите спортисти се реализира под мотото „ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ НА ШАМПИОНИТЕ“ .  Континуираното следење на психо-физичката состојба е императив за подобро здравје а со тоа и подобри резултати. На средбата помеѓу „ летечкиот “ автомобиист Стефановски и
д-р Митрев , се разговараше за досегашните успеси на  шампионот,  за плановите кои престојат пред него во следната тркачка сезона, за автомобилите и адреналинската неограниченост и концентрација  при натпреварувањата.

 Огромна чест и задоволство е што еден таков тим на доктори предводени од д-р Жан Митрев од сега ќе се грижи за моето  здравје ,  сепак здравјето е најбитното нешто на секој човек, а особено за нас спортистите, се надевам дека во наредната сезона заеднички ќе чекориме кон нови победи. Кога е здравјето во прашање имам впечаток дека сите ние , ова го кажувам првенствено тргнувајќи од себе,  одиме на лекар само кога ќе почуствуваме некаков проблем. Со оглед на динамичниот начин на живот и обврските кои секојдневно стојат пред нас, кои на овој или оној начин не „трошат“ забораваме на себе , на фундаменталната причина и најважната работа – здравјето.  Секој  еден од нас мора да даде свој придонес за подигање на здравствената култура во земјава , бидејќи кога сме здрави се е полесно“ ,  изјави Стефановски.

На европскиот шампион брзината му е најсилната страна , дека  владее неприкосновено со неа,  покажа  повеќе од 10 пати  во родната  Македонија , а две години го има епитетот – најбрзиот  на стариот континент. Двократниот европски шампион е наша гордост и идол на многу млади . Не само со неговите успеси,  туку и со  неговиот карактер на смирен, позитивен лик,  одмерен во зборот, голем во делата.  Од 2003 година  и инаети на брзината ,  докажувајќи му на светот,  кога желбата и трудот се огромни резултатите се неизбежни,  иако условите не се на завидно ниво.  Д-р Митрев ја искажа својата поддршка во плановите на првакот, со надеж дека еден ден ќе го гледаме и како дел од големите светски трки.