Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

08.06.2015

Тромбендаректомија (ТЕА) и пач пластика на пациентка со инсуфициентна десна интерна каротидна артери

Тромбендаректомија (ТЕА) и пач пластика на пациентка со инсуфициентна десна интерна каротидна артерија

Мозокот се крвоснабдува со 4 главни артерии две каротидни и 2 вертебрални артерии. Преку нив се носи крв богата со кислород и други хранливи материи, кои што се потребни за нормално функционирање на мозокот.

Во основата на каротидната болест е АТЕРОСКЛЕРОЗАТА, таа претставува натрупување на маснотии и калциум во ѕидот на крвниот сад и под дејство на различни надворешни и внатрешни фактори може да доведе до пукање на атеросклеротскиот плак и со тоа до стеснување или комплетно запушување на каротидната артерија , што доведува до мозочен удар. Каротидната болест може да биде еднострана или обострана. Ризик факторите се делат во две групи. А. Фактори кои не зависат од нас : пол, возраст, раса.Б. Фактори на кои можеме да влиаеме: хипертензија, дијабет, покачени маснотии, пушење, стрес, дебелина. Каротидната артериска болест може да се манифестира како мозочен удар или како транзиторна исхемична атака. Мозочниот удар (ЦВИ) е со трајни промени на мозокот и на невролошките испади, кој продолжува и повеќе од 24часа. Транзиторна исхемична атака (ТИА) е кратка епизода на невролошка дисфункција која трае неколку минути до неколку часа и во тек на 24 часа настапува комплетно повлекување на невролошките испади. Пациенти со веќе прележана ТИА имаат 10 пати поголем ризик за добивање на ЦВИ. Мозочниот удар е трета водечка причина за смртност кај населението после инфарктите и канцерите. Во 70-80% од случаите со ЦВИ како причина е докажана каротидната артериска болест. Мозочниот удар води до траен инвалидитет. Симптоми на каротидната артериска болест се: вертиго, зуење во ушите, темнење пред очите, колапси, синкопи (рецидивантни). Кај сите овие пациенти се спроведуваат дијагностички процедури за докажување или исклучување на каротидна болест, а тоа се: доплер на каротиди, каротидографија, МСКТ на каротиди, магнетна резонанца. По направените соодветни иследувања се донесува и зклучок за понатамошниот третман, каротидно стентирање или ТЕА (со или без пач пластика).
Се поставува прашањето- Што е подобро? Се уште се во тек студиите кои же дадат одговор на прашањето дали стентирање или операција на каротидната болест (со конфликтни резултати). Од тоа што го имаме како истражувања и резултати до овој моментот е: Пациенти со каротидна болест (стеноза) кои би имале повеќе бенефит од каротидна стентирање отколку од ТЕА (операција), се поликоморбидни пациенти со слаб хируршки потенцијал (кој не е невозможен). Повозрасни пациенти може да имаат повисок ризик од слаб мозочен удар во првите 30 дена после стентирање отколку после ТЕА. Тромбендаректомијата (со или без пач пластика) е третман на избор кај пациенти со каротидна болест (со или без ЦВИ) со добивање на добар постоперативен резултат и редукција на некој од невролошките дисфункции и превенција од нови ЦВИ.Приказ на случај: Пациентка на 55 годишна возраст со мозочен удар со левострана слабост, фацијалис лево, зуење во ушите, слабеење на видот и вртоглавици. На доплер на каротидни артерии е верифицирано инсуфициентна десна а. Каротис интерна по цела должина до влез во череп, лева а. Каротис интерна со стеноза на булбус 40-50%. Фамилијарна анамнеза негативна за оваков тип заболувања. Направено е МСКТ на каоритди и мозок и верифицирано е:

десна a. carotis interna (АКИ) проодна со сигнификантна стеноза проскимално потоа со инсуфициентен тек по цела должина,

лева a. carotis interna (АКИ) проодна со меки плаки на проксимален сегмент и стеноза 50%. На КТ скеновите на мозочниот паренхим – нативна серија – се детектира сосема дискретна хиподнензна промена веројатно исхемична лоцирана на базални ганглии лево.ТЕА и пач пластика на десна АКИ и резултат: Интервенцијата се изврши во услови на општа анестезија. Направено е ТЕА и пач пластика на булбус и почетниот дел на АКИ со што е добиено проширување на основата на артеријата а со тоа и подобрување на протокот на крв низ инсуфициентниот дел на десната АКИ. Пациетката постоперативно е следена 24 часа и е испуштена од болница во одлична општа состојба. На првата контрола по 1 седмица, втората контрола по 1 месец и прета контрола по 2 месеци пациетката е со подобрен вид, нема зуење во ушите и без вертиго, поголема сила во левата рака и нога. На доплер има подобар проток низ десна АКИ. Заклучок: Сите пациенти со дијагностицирана значајна симптоматска каротидна болест се за оперативно лекување. Пациентката е со инсуфициентна десна АКИ но по направениот оперативен третман има подобрување на општата состојба и повлекување на некој од невролошките испади. Во нашиот случај минимално инвазивната интервенција (тромбендаректомија и пач пластика на десна АКИ) се покажа како безбедна и ефективна, можеби и трајна процедура за пациентката. Контролен постоперативен МСАКТ на каротиди се планира на 6-тиот месец од оперативниот третман.

Д-р Вилма Ампова-СоколовИнтервентен кардиолог