Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

02.06.2017

Tумор на бели дробови


Туморите на бели дробови се се почести во секојдневието. Тие се втората водечка причина за смртност кај машкото население  (до 51% и трета причина за смртност или до 34% кај женската популација) според податоците на Светската здравствена установа.

Ова заболување започува подмолно без некои евидентни симптоми и знаци.Во моментот кога се појавува градна болка и кашлица, губиток на телесна тежина, најчесто болеста е веќе широко распространета и е поминат стадиумот кога само оперативното лекување може да значи излекување на пациентот.

Што доведува до ова заболување? Пушењето и пасивното пушење корелираат со инциденца на појава на заболувањето до 65%. Втора причина е загадувањето на воздушната средина, посебно места каде има радон, азбест, честите респираторни инфекции и секако вродената генетска предиспозиција кај секој човек. Затоа, во САД за секоја индивидуа која пуши задолжително е да се прави компјутерска снимка на белите дробови еднаш годишно, дури и за оние кои престанале со пушење, а при тоа периодот на непушење не им е поголем од 15 години, се прави компјутерска снимка еднаш годишно.

Ќе Ви презентираме приказ на случај на 69 годишна пациентка, која година дена наназад се жалела на сува кашлица, гушење, отежнато дишење и болки во градите. Од ризик фактори- 25 години активен пушач.

Кај пациентката е направена ртг снимка на бели дробови и после верифицирање на голема тумурозна формација во левото белодробно крило индицирано е да направи биопсија под компјутер. Резултатите од истата биле во прилог на аденокарцином на бели дробови. Имајќи во предвид дека процесот бил доста напреднат и проследен со наголемени лимфни јазли, кај пациентката прво биле спроведени 4 циклуса на хемиотерапија.

Контролниот компјутер покажа ограничување на процесот во горен дел апикален сегмент, посебно кон предно-апикален дел, после што пациентката дојде за прв пат во нашата установа.

 

Во консултација со кардиоваскуло-торакален хирург, кај пациентката е направена лобектомија на горен лев лобус. Послеоперативниот ток е сосем уреден. Пациентката е одвоена од машината за дишење после 10 часа. Раздвижена во тек на првите 24 часа.

Контролониот компјутер покажа комплетна ерадикација на тумурозната формација, со фунционална уредност на остатаокот од белодробието.

 

 

Патохистолошкиот наод потврди дека се работи за аденокарцином на бели дробови, и за среќа на пациентката без метастатски промени во одвоените лимфни жлезди.

После месец дена од операција пациентката е планирана за уште 2 циклуса на хемиотерапија .

До сега во Специјализираната болница Жан Митрев се оперирани 70 пациенти со карцином на бели дробови, сите во добра кондиција отпуштени дома, со препорака да продолжат на понатамошна хемиотерапија.

Болницата овозможува комплетна дијагностика на ова заболување, почнувајки од компјутерска томографија, биопсија на променат, правилен хируршки пристап со комплетно чистење на патолошките лимфни јазли.