Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

04.08.2015

Во„Филип Втори“се изработува студија за откривање и интервентно затворање на дефектот на преградата


Електроенфалографски испитувања кај пациенти со Патент Форамен Овале

Што е Патент Форамен Овале?Форамен овале е дефект на преградата помеѓу двете преткомори на срцето. Овој отвор вообичаено постои додека бебињата се во утробата, и треба да се затвори веднаш по раѓањето (кај 75% од случаите). Ако тоа не се случи, состојбата се нарекува Патент форамен овале (ПФО) . Кај овие случаи постои десно-лев шант , односно мешање на крвта од десната кон лева преткомора на срцето. ПФО е открие преку обдукција во 20-30% и во 10-26% кај пациенти кои побарале лекарска помош. ПФО се дијагностицира со методата на трансезофагеално ехо (ТЕЕ) и транскранијален доплер ( ТКД).Во невролошката пракса со примена на електроенцефалографските испитувања многу често откриваме ПФО кај пациенти кои страдаат од мигрена, пациенти со мозочен удар или транзиторни исхемични атаки, (особено кај помлади лица), а неретко има поврзаност и со синкопални и епилептични напади .Патент Форамен Овале и мигренаПовеќе студии упатуваат на поврзаност помеѓу ПФО и мигрена. Обичната мигрена се карактеризира со силни пулсирачки главоболки, кои трајат од 4-72 часа, и можат да бидат придружени со пречки во видот кои се манифестираат како треперлива светлина, и слепи точки. Кај мигренонозни главоболки со аура, каде на овие главоболки им предходат транзиторни невролошки испади присуството на ПФО е многу почесто во однос на обичната мигрена. При чести мигренозни напади кои се повторуваат во краток временски период може да дојде до микроемболизација на малите крвни садови на мозокот, поготово при перзистентен форамен овале. Патент Форамен Овале и мозочен ударПостојат повеќе студии кои упатуваат на податоцте дека лицата со ПФО може да имаат поголем ризик од т.н криптогени мозочни удари, особено кај помлади лица кои немаат класични ризик фактори за мозочен удар. Најчесто овие мозочни удари се од исхемично потекло како резултат на емболуси донесени со системската циркулација при ПФО.

Во Специјалната болница” Филип Втори “, во тек е студија за откривање и интервентно затварање на патент форамен овале.Електроенцефалографски испитувања се направени кај 63 случаи од 110 пациенти кај кои е откриено постоење на перзистентно форамен овале. ЕЕГ наодите беа нормални само кај 13 (20%) случаи, додека кај останатите наодите беа променети и тоа кај 20 (32%) случаи со дифузни иритативни промени, кај 6 (9.5%) со фокални промени и кај 24 (38.5%) случаи со тенденција кон пароксизмален карактер.

По направеното интервентно затварање на ПФО, направени се контролни ЕЕГ снимања кај овие пациенти. Кај 64% од нив добиено е видно подобрување на електроенцефалографскиот наод, додека кај 36% ЕЕГ наодите се непроменети.

Заклучок: Електоенцефалографските и клиничките наоди упатуваат на сигнификантно подобрување на мозочната функција по направено интервентно затворање на перзистентно форамен овале.