Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

08.11.2010

ЗДРАВСТВЕН ТУРИЗАМ ВО ПЗУ „ФИЛИП ВТОРИ“

ЗДРАВСТВЕН ТУРИЗАМ ВО ПЗУ „ФИЛИП ВТОРИ“

Практиката, пациенти од други држави да доаѓаат во болницата „Филип Втори“ продолжува со дијагностицирање, интервенции и успешен оперативен третман на пациенти, странски државјани.

Пациентот ( А.С.) од Хрватска претходно бил опериран во Загреб, каде што му било направено илијако-феморално премостување левострано, без соодветен резултат. По седум месеци пациентот дојде во „Филип Втори“ за реоперација. Стануваше збор за пациент во терминален стадиум на генерализирана атеросклероза, со изразени атеросклеротски промени на аортата, обете илијачни артерии и посебно на крвните садови на потколениците. Доктор Жан Митрев направи илијако-феморално премостување лево и трмбендтеректомија (чистење на атероматозните плаки) на левата илијачна артерија. По четири дена пациентот се чувствуваше одлично и си замина за Хрватска. Кај нас му е дијагностицирана и коронарна болест и коксартроза лево.

Пациент на 52-годишна возраст ( М.А) од САД. Пациентот е донесен итно во болницата „Филип Втори“ со суспекција за акутно коронарно засегање. По направените лабораториски анализи и коронарографија, поставени му се стентови на LAD. По стабилизирањето на неговата состојба, пациентот е пуштен во одлична и стабилна здравствена состојба.

Пациентот (Џ.В) на 54-годишна возраст, од Англија, по првично утврдена дијагноза пред три години, повторно се јави во нашиот Дијагностички центар со градни болки, при што ургентно е направена коронарографија и е извршен аортокоронарен бајпас на пулсирачко срце.Пациентот е отпуштен во стабилна и одлична здравствена состојба на постоперативено домашно закрепнување.