Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

25.08.2022

Зошто холестеролот е кардиоваскуларен ризик фактор?

Светската здравствена организација континуирано потсетува дека кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт во светот. Целта на ова потсетување е да се поттикнат луѓето да станат свесни дека може да влијаат на ова. Дури 80% од предвремените смртни случаи предизвикани од оваа група на болести може да се избегнат доколку се практикува здрав начин на живот.

Што претставува холестеролот?

Холестеролот е природна масна супстанција присутна во сите клетки на човечкото тело неопходна за нормално функционирање на телото. Најголем дел од холестеролот се произведува во црниот дроб, иако се добива и преку исхраната односно преку внесување на одредени намирници.

Холестеролот има три многу важни функции, клучни за доброто функционирање на организмот:

  • Учествува во формирањето на жолчните киселини, од витално значење за варењето на мастите.
  • Од него се формираат одредени хормони, како што се сексуалните и тироидните.
  • Сончевите зраци го трансформираат во витамин Д за да ја заштити кожата од хемиски агенси и да спречи дехидрација.

Видови холестерол

Крвта го носи холестеролот од цревата или црниот дроб до органите на кои им е потребен, а тоа го прави со врзување за честичките наречени липопротеини.

Постојат два типа липопротеини:

  • Со ниска густина или (LDL). Тој липопротеин е одговорен за транспорт на новиот холестерол од црниот дроб до сите клетки на нашето тело.
  • Со висока густина (HDL). Тој липопротеин го собира неискористениот холестерол и го враќа во црниот дроб каде се складира или се излачува (екскреција) преку жолчката.

Од тука холестеролот можеме да го класифицираме како лош или добар.

  • Лош холестерол: при спојување на LDL честичката се таложи на ѕидот на артериите и формира атеросклеротични наслаги.
  • Добриот холестерол: врзувајќи се за честичката HDL, го транспортира вишокот холестерол назад во црниот дроб за да се уништи.

Зошто холестеролот е кардиоваскуларен ризик фактор?

Холестеролот е еден од главните кардиоваскуларни фактори на ризик. Луѓето со висок холестерол во крвта имаат двојно поголема веројатност да добијат срцев удар.
Кога има вишок на холестерол, тој се таложи во нашите артерии, задебелувајќи ги нивните ѕидови. Тоа е затоа што клетките не се способни да апсорбираат толку холестерол.
При појава на холестеролот, дијаметарот на артеријата се намалува, предизвикувајќи артериосклероза, со што се спречува добрата циркулација на крвта.

Ако нивото на холестерол во крвта е високо и не дозволува крвта да циркулира правилно, се јавува хиперхолестеролемија.
Хиперхолестеролемијата не покажува физички симптоми, па нејзината дијагноза може да се постави само преку тест на крвта што ги одредува нивоата на холестерол и триглицеридите.
Анализата на вкупниот холестерол може да даде вредности на хиперхолестеролемија ако концентрацијата е повисока од 200 mg/dl (покачен холестерол над препорачаните вредности).
Луѓето со вредности од 240 mg/dl имаат двојно поголем ризик да доживеат срцев удар во ткивата на срцето.
Затоа, превенцијата и раното откривање на холестеролот се многу важни со цел минимизирање на ризикот од заболување од кардиоваскуларни болести.

Препораки за одржување на холестеролот

Кога станува збор за спречување и лекување на кардиоваскуларни болести, менувањето на нашите навики е од суштинско значење. Од клучна важност е исто така да бидеме свесни и одговорни за сопствената улога за да се минимизираат ризиците.

На вредностите на холестеролот може да влијаат и генетски фактори. Но сепак тие најчесто се одраз на нездравиот начин на живот.

Неколку совети кои ќе ви помогнат вашиот холестерол да не прерасне во кардиоваскуларен ризик фактор:

  • Секојдневно консумирајте овошје, зеленчук и јаткасти плодови.
  • Намалете го внесувањето на сол во оброците.
  • Редовно вежбајте, бидете физички активни.
  • Контролирајте ја вашата тежина.
  • Избегнувајте тутун и алкохол.
  • Фармаколошки третман применувајте само кога е потребно.

Кардиолошкиот преглед е од витално значење

Доколку имате кардиоваскуларни ризик фактори како: хипертензија, стрес, пушење, дебелина, седентарен начин на живот, дијабетес, холестерол или семејна историја на срцеви или мозочни заболувања, тие се доволна причина за кардиолошки преглед.

Во Клиничката болница Жан Митрев ви нудиме сеопфатни и квалитетни услуга во насока на грижа за здравјето на вашето срце.
Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484 и добијте бесплатна основна крвна слика.