00389 2 3091 484
септември 09,2022
Tироидната жлезда произведува тироиден хормон, кој контролира многу од активностите на вашето тело, вклучително и колку брзо согорувате калории и колку брзо чука вашето срце. Различните патолошки состојби на тироидната жлезда предизвикуваат помало или поголемо производство на тироидни хормони. Во зависност од тоа колкав квантитет на хормон произведува вашата тироидна жлезда, може да се чувствувате активно или уморно, или може да покачите или намалите телесна тежина. Жените имаат поголема веројатност да развијат болести на тироидната жлезда отколку мажите, особено по бременоста или по менопаузата.
Тироидната жлезда е мала жлезда во форма на пеперутка која се наоѓа во основата на вратот, веднаш под Адамовото јаболко. Од оваа жлезда се излачува тироидниот хормон кој допира до сите делови на телото преку крвотокот и го контролира метаболизмот на телото.
Жените во текот на животот имаат поголема веројатност да добијат заболување на тироидната жлезда од мажите. Болеста на тироидната жлезда кај жените може да предизвика:
Понекогаш симптомите предизвикани од проблеми со тироидната жлезда се мешаат со симптомите на менопауза. Голема е веројатноста болестите на тироидната жлезда (особено хипотироидизмот) да се јават по менопаузата.
Овие се болестите на тироидната жлезда кои најмногу ги погодуваат жените:
-Хипотироидизам – кога тироидната жлезда не произведува доволно тироидни хормони. Тогаш имаме забавување на различните телесни функции и метаболизмот.
Најчеста причина за хипотироидизам во САД е Хашимото-овата болест. Кај оние со Хашимотоова болест, имунолошкиот систем им создава автоантитела против тироидната жлезда. Овој процес ја оштетува тироидната жлезда и истата не произведува доволно хормони.
-Хипертироидизам – состојба кога тироидната жлезда произведува повеќе тироидни хормони отколку што му е потребно на телото. Тогаш имаме забрзување на телесните функции и метаболизмот.
-Тироидитис – воспаление на тироидната жлезда.
Причините за тироидитис вклучуваат:
Два вообичаени типа на тироидитис се Хашимото-виот тироидитис и постпарталниот тироидитис.
– Гушавост – абнормално зголемување на големината на тироидната жлезда. Може да се појави само кратко време и да помине самостојно без третман. Или тоа може да биде симптом на друга состојба на тироидната жлезда која бара третман.
Некои од факторите кои предизвикуваат гушавост вклучуваат:
Единствениот симптом на гушавост е оток на вратот. Може да биде доволно голем за да може да се види или да се почувствува на допир. Силно изразена гушавост може да предизвика вкочанет врат, кашлица, проблеми со голтањето или дишењето како и компресија на крвните садови на вратот.
Во овој случај вашиот лекар ќе ви направи одредени тестови за да види дали оваа состојба е предизвикана од присуство на друга болест на тироидната жлезда.
– Јазол во тироидната жлезда. Јазолот може да биде цврст или исполнет со течност или крв. Единечен или неколку.
Јазлите на тироидната жлезда се чести и се јавуваат многу почесто кај жените отколку мажите. Сеуште не е познато зошто се формираат јазли во нормална тироидна жлезда.
-Карцином на тироидната жлезда – повеќето луѓе претходно постоечки јазол на тироидната жлезда што не предизвикува никакви симптоми. Доколку се појават симптоми, тоа може да биде оток, чувство на стегање во грлото, отежнато голтање или дишење, засипнат глас. За да се открие природата на јазолот, потребно е да се направат дополнителни испитувања. 95% од дијагностицираните јазли се бенигни.
Тимот од специјалист ендокринолог и интернист тиреолог-диабетолог во Клиничката болница Жан Митрев ви стои на располагање за дијагностика и третман на сите промени на тироидната жлезда.
Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484