00389 2 3091 484
јули 07,2017
Колаче со свеќичка за нејзиниот 90-ти роденден беше изненадување за Виолета Неделковска која лежеше на одделението на полуинтезивна нега во болницата. Возбуда и среќа се забележуваше на нејзиното лице. Беше пресреќна дека се сетиле за нејзиниот роденден, дека грижата од персоналот ја потврдиле и на овој начин. “Колачето е прекрасно, и на изглед и на вкус. Благодарам за вниманието, за желбите. Посакувам сите луѓе да дочекаат да прославуваат 90-ти роденден и повеќе “, смирено, тивко и сладејќи се со колачето зборуваше Виолета. Таа е втора недела овде, на нега и закрепнување. Инаку, Виолета е наш долгогодишен пациент која пред 8 години правела операција на срце. Искажа благодарност за стручноста, грижата и негата која ја добивала низ годините, дека довербата која ја има таа и нејизната фамилија кон нашата установа е голема. Ние и посакуваме уште многу внуци и паравнуци, да ја држи ведрината уште многу години…