Дали постои поврзаност на студот со болката во коските?

Дневна доза здравје

јануари 01,2022

Сите сме го слушнале изразот „ми влезе студ во коските“. Тој всушност го отсликува популарното верување кај народот дека студот е една од причините за болки во коските и ревматски заболувања.

Во оваа статија ќе објасниме подетално за што се работи.

Кога е ладно, имаме впечаток дека во коските чувствуваме непријатност, па дури и болки поради промената на температурата. Студот и влажноста ги прават мускулите постегнати и вкочанети, што предизвикува повеќе контракции и болка. Оваа болка всушност произлегува од зглобовите. Зглобовите, а не самите коски се тие што го генерираат ова чуство. Истото може да биде во форма на непријатност, болка или воспаление што произлегува од кој било дел од зглобот – вклучително ‘рскавица, коска, лигаменти, тетиви или мускули. Меѓутоа, најчесто, болката во зглобовите се однесува на артритис или артралгија, што е воспаление или болка од самиот зглоб. Болката во зглобовите може да биде блага, предизвикувајќи болка само по одредени активности, или може да биде силна, па дури и ограниченото движење, особено подносливоста, да биде исклучително болно.
Коските може да болат еденствено кога ќе се скршат или при голем удар.

Дали тоа значи дека временските услови и температурата влијаат на болките во зглобовите?


Да, но тие не предизвикуваат ревматски заболувања.
Реално климата не влијае на преваленцата или на причините кои предизвикуваат ревматски заболувања, но вистина е дека студот влијае на перцепцијата или чувството на болка кај оние кои страдаат од проблеми со зглобовите.

Што се случува во нашето тело кога е изложено на студено:

  • Нашето тело регистрира студ
  • Срцето го намалува срцевиот ритам
  • Циркулацијата на крвта се забавува
  • Се зголемува мускулната тензија
  • Мускулите се собираат и тогаш перцепираме болка.

Затоа, иако за време на клима со ниски температури се јавува чувство на болка, нема причина да се вознемируваме.

Најважно е:

  • Без оглед на годишното време, доколку имате веќе дијагностицирано ревматско заболување, да продолжите со земање на вашата терапија препишана од лекарот.
  • Да се облекувате соодветно (топло).
  • Да избегнувате ненадејни температурни промени.
  • Доколку е потребно или возможно, да ја прилагодите температурата во вашиот дом (да биде потопло).
  • Да ја стоплите погодената област, како би ја спречиле непријатноста во зглобовите, во случај болката да е секојдневна и постојана.
  • Да останете активни е еден од најдобрите начини за спречување или забавување на појава на болка во зглобовите или појава на симптомите на ревматски заболувања.Болестите поврзани со локомоторниот систем се многу чести и се проценува дека голем број од населението страда од некое од овие заболувања.

Патологијата на остеоартритис може да зафати еден или повеќе зглобови, а најчест е остеоартритисот на рацете, колкот, коленото и ‘рбетот.

Затоа доколку чувстувате нелагодност или болки во:

  • Колкови
  • Колено
  • Рбет
  • Рамо
  • Рака и лакт
  • Стапало и глужд

Обратете се кај нашите ортопеди кои со своето долгогодишно искуство во третманот на ортопедските заболувања и примена на најнова технологија во ова област ќе ви помогнат да добиете персонализирана грижа за време на процесот на дијагноза, третман и рехабилитација при било која патологија на локомоторниот ситем.