00389 2 3091 484
јуни 06,2015
Дел од децата од кампот “Кирил Лазаров 7” прегледани во поликлиниката Филип Втори, Струмица
По иницијатива и поддршка на Академик д-р Жан Митрев од минатиот петок започнаа прегледите на децата кои се дел од ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“. 120 деца од сите градови се распоредени во трите здравстевни установи на „Филип Втори“. Минатата недела во болницата во Скопје се направи контрола на здравствената состојба на децата од Кавадарци и Велес. Според зборовите на д-р Планинка Зафировска специјалист интернист не постојат никакви кондраиндикации кои би ги спречиле децата да бидат физички активни во кампот.
Младите ракометарски надежи од Свети Николе, Штип и Струмица денеска беа донесени во Поликлиниката „Филип Втори“ во Струмица. Нивната здравствена состојба ја следи и проверува специјалист интернист д-р Вилма Ампова -Соколов интервентен кардиолог. И овие дечиња имаат добра здравствено кондициона слика .
Кај сите се направени ЕКГ и ЕХО на срце, испитување на крвната слика и задолжителниот стрес-тест. Утре во поликлиниката „Филип Втори“ со мини-бус на болницата „Филип Втори“од Скопје ќе бидат земени децата од Прилеп чија здравствена контрола ќе биде направена во поликлиниката „Филип Втори “ во Битола.