00389 2 3091 484
март 03,2016
Претставници на реномираниот австриски производител на медицинска опрема Lochmann i Rauscher (L&R) на д-р Жан Митрев му предадоа донација во вредност од 10.000 евра. Истата се состои во материјали за третман на рани и апарат за вакум третман на рани кој ќе бидат користени во новата болница. Континуираната соработката помеѓу специјалната болница „Филип Втори„ и производителот L&R постои неколку години. Нашата болница уште од својот почеток, а и сега во новиот објект продолжува да ги користи најдобрите медицински материјали неопходни во лекувањето на пациентите со гангрена и хронични рани.