00389 2 3091 484
ноември 11,2016
18-ти Ноември се одбележува како европски ден на свесност за употрeба на антибиотици. Целта е да се потенцира фактот дека сите мораме свесно и одговорно да се вклучиме во користењето на овие лекови, како би ја зачувале нивната делотворност и за следните генерации!
Во пошироки рамки пак, цела недела (14 – 20 ноември) е прифатена како Светска недела за свесност за употреба на антибиотици, со цел подигнување на свесноста за проблемот со антибиотската резистенција, а при тоа да се нагласи дека успехот за контрола на резистенцијата е очекуван со заеднички акции, на светско ниво.
Што се антимикробни средства?
Антимикробни средства се медицински производи кои ги убиваат или го спречуваат растот на живите микроорганизми.
Што е антимикробна резистенција?
Антимикробна резистенција: отпорност на еден или неколку антимикробни средства применливи за терапија или профилакса. Станува збор за особина која може да се појави кај микроорганизмите.
За бактериите, антибиотската резистенција значи способност на бактеријата да се спротистави на дејството на антибиотикот:
Бактеријата има резистентен механизам кога специфични антибиотици ја изгубиле способноста да ги убијат или да го спречат нивниот раст
Некои бактерии се природно отпорни на некои антибиотици (интризинг резистенција)
Загрижувачки проблем е кога бактерии кои се природно осетливи на некој антибиотик ќе постанат резистентни како резултат на адаптација преку генетски промени
Гените за кодирање антибиотска резистенција многу лесно може да поминат од еден во друг вид бактерии преку предавање на генетски материјал
Во постојаната борба за “еколошки простор” се селектираат сите резистентни бактерии бидејќи антибиотикот ги убива осетливите соеви
Антибиотик резистентните бактерии преживуваат во присуство на антибиотици и продолжуваат со раст и размножување, предизвикувајќи влошување на состојбата, пролонгирање на болеста или смрт.
Инфекции со резистентни бактерии бараат третман со алтернативни и многу поскапи антибиотици кои често имаат и повеќе несакани ефекти. Третманот на инфекции со резистентни бактерии бара интарвенска апликација на антибиотик во болнички услови наместо орални антибиотици во домашни услови.
Еднаш појавена резистентна бактерија може да се пренесе на друга личност , а употребата на антибиотици во општата популација и кај пациентите во болница дава силна подршка за нивно ширење.
Кои се последиците од резистенцијата?
Ќе влеземе во постантибиотска ера, што значи антибиотиците ќе ја изгубат делотворноста и инфекциите ќе бидат повторно причина за висока смртност.
Што можеш да направиш ТИ?
Користи антибиотик само по препорака на лекар
Секогаш доврши ја пропишаната доза, и тогаш кога ти е подобро
Никогаш не користи стари антибиотици
Никогаш не разменувај антибиотици со другите
Спречи инфекција со редовно миење раце, редовна вакцинација и избегнување блиски контакти со болни
Главни двигатели на антибиотската резистенција:
Злоупотребата на антимикробните средства прави еколошки притисок на микроорганизмите и придонесува за појава и селекција на антибиотик резистентни видови во популацијата
Ширење и вкрстена трансмисија на антибиотик резистентни микроорганизми меѓу луѓето, животните и околината.
Полето каде се развива резистенцијата во Европа е и употребата на антибиотици кај животните:
Антибиотиците кои се користат за третман и превенција на инфекција кај животните припаѓаат на истите групи како и антибиотиците за хумана употреба, па така и животните може да бидат носители на резистентни бактерии
Некои бактерии како Salmonella и Campylobacter се асоцирани со употреба на контаминирана храна и предизвикуваат дијареа
Истите може да бидат антибиотик резистентни соеви кои се пренеле од животно на човек
Луѓето може да се здобијат со резистенни бактерии не само со храна од заразени животни туку и преку директен контакт со нив
Нозокомијални инфекции (болнички инфекции) се однесува на инфекции стекнати во болница. Сега се преферира терминот “Healthcare associated Infections” бидејќи вклучува не само инфекции стекнати во болница, но и останати кои се поврзани со пружање здравствена грижа, како пр. старечки домови, домашна нега…
Полиња за менаџмент, контрола и превенција на антимикробната резистенција се:
Рационална употреба на антибиотици (само кога се потребни, во точни дози, во точни интервали и доволно долго, но не повеќе од тоа!)
Хигиенски мерки за заштита од вкрстена трансмисија на резистентни бактерии (хигиена на раце, скрининг на пациенти, изолација…)
Антибиотиците се единствените лекови кои предизвикуваат не само индивидуална, туку и глобална штета!
На индивидуално ниво:
Земање антибиотик секогаш ја модифицира човековата нормална флора што често резултира со странични ефекти како дијареа како и појава и селекција на резистентни соеви
Овие резистентни видови може да перзистираат некогаш и по 6 месеци без да предизвикаат инфекција
Пациенти колнизирани со резистентни бактерии е многу поверојатно дека ќе развијат инфекција во споредба со колонизација со осетливи соеви
Антибиотиците да не се употребуваат кога не се потребни (пр. Вирусни инфекции)
Кога се потребни да се употребуваат соодветно
Некогаш и кога се употребуваат коректно , микроорганизмите развиваат резистенција како адаптивен механизам. Во тој случај посебно се важни мерките за контрола на пренос на бактерии
На глобално ниво:
Има широки варијации во пропорцијата на резистентни соеви меќу поедини земји : владее северно-јужен градиент (EARSS)
Сериозни варијации во препишувањето и употребата на антибиотици следејќи го истиот градиент
Многу повеќе антибиотици кај амбулантски пациенти во Грција и Кипар – три пати повеќе по жител отколку во Холандија
Степенот на антибиотска резистенција корелира со степенот на антибиотска употреба и “Колку повеќе антибиотици се користат, толку е поголема резистенцијата на микробите кои се причинители на инфекции во популацијата”