00389 2 3091 484
јуни 06,2016
Во период од 01-05 јуни 2016 година во „Метропол езерски комплекс“ во Охрид беше одржан Шестиот Конгрес на Фармацевти со меѓународно учество на тема: „Современиот фармацевт – мост меѓу науката и практиката“ . Во научната програма беа вклучени пленарни предавања, усни и постер презентации на кои беа изнесени новите современи предизвици во сите области на фармацевтската наука и професионалната практика, со цел збогатување на знаењето и размена на искуства.
Претставник од тимот на д-р Жан Митрев беше фармацевтот Емилија Костоска со постер презентација од областа на клиничка биохемија на тема: “Улогата на срцевите маркери во дијагноза на акутен миокарден инфаркт и ангина пекторис.“
Предавачи беа еминенти професори и научници од Србија, Германија, Словенија, Полска, Швајцарија, Франција, Австрија, Велика Британија.
Домаќини на овој Конгрес кој се одржува на секои четири години беа Македонското фармацевтско друштво и Фармацевтскиот факултет, УКИМ, Скопје.