00389 2 3091 484
март 03,2022
Неволното истекување на урината од мочниот меур познато уште како инконтиненција е проблем со кој се соочуваат голем број жени. Иако како состојба не е болно, сепак претставува хигиенски односно социјален проблем за пациентот кому реално му е загрозен начинот на живеење и функционирањ – вели проф. д-р Васил Илиев, специјалист по гинекологија и акушерство во Клиничката болница Жан Митрев. Во тој контекст најчести се два типа на инконтиненција на урина и тоа: стрес инконтиненција и ургентна инконтиненција.
Стрес инконтиненција на урината (СИУ) е неволна загуба на урината која настанува при кивање, кашлање, смеење. Стрес инконтиненцијата може да биде предизвикана од пореметување на анатомијата или од дисфункционалност на сфинктерот (мускулот затварач на мочниот меур). Анатомска дислокација/пореметување доаѓа како резултат на ослабување на анатомските структури кои одржуваат нормална позиција на мочниот меур и мочниот канал.
Со помош на соодветни, наменски испитувања кои имаат за цел да ја утврдат причината, типот и сериозноста на инконтиненцијата. Постојат три нивоа на изразеност на уринарнати инконтиненција кои се одредуваат согласно степенот на цврстина, односно слабост на предниот вагинален ѕид, спуштеноста на мочниот меур, како и други можни анатомски нарушувања.
Самиот преглед кој служи за откривање на овие параметри е преглед на карлицата и тој се состои од проценка на состојбата на мускулите на карличното дно и интегритетот на потпорниот апарат на мочниот меур и мочниот канал како и постоење на пролапс на мочниот меур (цистоцела), матката, вагината.
Се изведува така наречен Маршалов тест (стрес проба) за докажување на инконтиненцијата. Доколку е потребно се прават и дополнителни иследувања: уретоцистоскопија, цистографија, уродинамски иследувања, електромиографија итн.
Социјално-медицинските, хигиенските и психолошките последици од инконтиненцијата може да бидат многу сериозни. Тешките форми на инконтиненција условуваат изолација на пациентот од социјалната средина. Но, најважно е дека постојат неколку видови на можни решенија.
Преставува тип на неволно испуштање на урината при што жената одеднаш чуствува потреба за мокрење и не може да го одложи уринирањето, при што се случува истекување на урина односно народски кажано се подмочува. Ненадејната потреба се јавува како резултат на силен спазам на мочниот меур кој настанува како реакција на различни стимуланси, како течење на вода од чешма, миње раце, но и без стимуланс.
Главен причинител на овој тип инконтиненција се рецидивни инфекции на долниот уринарен тракт, повреди на мускулите или на нервите на мочниот меур, дијабетес, тумори на вратот на мочниот меур, камен во мочниот меур и друго.
Лекувањето е комбинирано. Се користат медикаменти и електро или магнетна стимулација за спречување на неволни и неинхибирани контракции на мускулите на мочниот меур и за зголемување на неговиот капацитет.
Поради фактот што оваа ситуација е нелагодна и често пати знае да предизвика непријатност и срам, дел од жените ја прифаќаат како таква и не ја пријавуваат кај својот гинеколог. Ние советуваме без предрасуди и срам да консултираат гинеколог кој ќе го препорача вистинското решение за да се постигнат посакуваните ефекти, односно долгорочно решавање на оваа состојба.