Интервју со д-р Вилма Ампова-Соколов, првата жена-интервентен кардиолог во државата

Настани

октомври 10,2023

Стравот од изложеноста на рендген зраци за време на процедурите е една од причините зошто има помалку жени интервентни кардиолози, но сепак, кога станува збор за „Жан Митрев Клиник“ тој страв е неоправдан. Располагаме со најсовремена опрема за дијагностика, третман и заштита, како за персоналот така и за пациентите. Целиот оддел за ангиографија е конструиран така што се запазени сите највисоки стандарди за работа и заштита на вработените и пациентите. Поради тоа работам без трошка страв или сомнеж, како јас така и моите колеги.

Да се биде жена во светот на интервентната кардиологија, поле во кое доминираат мажите е вистински предизвик. Патот кој треба да се изоди, заедно со сите пропратни искушенија ја става на тест издржливоста, упорноста и детерминираноста да се стигне до зацртаната цел. Успеваат само најхрабрите, најпосветените, најупорните, оние кои ја имаат целата слика во главата, а притоа размислуваат и „надвор од кутијата“, што им помага да рушат бариери, да прескокнуваат пречки, постојано да се доусовршуваат и да ги поместуваат границите.

Доктор, мајка и сопруга. Комплетно реализирана како жена, како на професионален, така и на приватен план. Д-р Вилма Ампова-Соколов, специјалист по интерна медицина – супспецијалист по кардиологија во клиничката болница „Жан Митрев“ ги урива предрасудите покажувајќи со сопствен пример дека полот не игра улога во изборот на професија, туку професионалноста и стручноста е она кое е најбитно и она по кое ве препознаваат колегите и пациентите. „Имам одлична соработка со сите колеги кои работат интервентна кардиологија во нашата држава, но и надвор од неа со голем број колеги во регионот и пошироко. Можеби има помалку жени интервентни кардиолози поради условите во кои работиме (изложеноста на рендген зрак за време на процедурите), како и мајчинството (бременоста). Но мене никогаш не ми претставувало проблем, не го гледам како пречка во работата“, вели д-р Ампова-Соколов.

Интервентната кардиологија претставува огромен предизвик, една од најинтригантните и највозбудливите супспецијалности на кардиологијата. Најпрво, како се одлучивте за супспецијализација по кардиологија?

Д-р Ампова-Соколов: Во „Жан Митрев Клиника“ сум вработена од 2002 година. Започнав со работа на 1 април во тогашната „Филип Втори“ каде имаше еден оддел со шест кревети за интензивна нега и шест кревети за полуинтензивна нега и една сала каде се изведуваа меѓу шест и девет кардиооперации секој ден. За млад лекар како мене, тукушто излезена од школска клупа, малку невообичаена средина, но огромен предизвик. Иако најмногу фокусирана на интензивна нега, мојата едукација не запре тука, напротив, продолжив да се доедуцирам и во останатите делови. Така честопати влегував и во ангиосалата. Потоа следеше моментот на одлука околу мојата специјализација. Кога д-р Митрев ме праша што би специјализирала, мојот прв избор беше анестезија или кардиохирургија. Најверојатно тој ја имаше забележано мојата заинтересираност и за интервентната кардиологија и ме посоветува со зборовите „земи специјалност интерна медицина, а потоа можеш да се супспецијализираш за тоа што те интересира најмногу“. Го послушав и не згрешив. Запишав специјализација интерна медицина, а потоа супспецијализирав кардиологија поконкретно се насочив кон интервентна кардиологија. Реално кардиохирургијата и интервентната кардиологија се надополнуваат во третманот на тешки заболувања на срце и крвни садови. Но, во изминатите 22 години, во светски рамки, интензивно се работи во насока на примена и развој на интервентни методи и начини на третирање на тешки заболувања на срцето и крвните садови со минимално инвазивни процедури (без операција).

Можеби има помалку жени интервентни кардиолози поради условите во кои работиме (изложеноста на рендген зрак за време на процедурите), како и мајчинството (бременоста). Но мене никогаш не ми претставувало проблем, не го гледам како пречка во работата. Постојат соодветни регулативи и поставени правила. Едноставно 22 години многу сериозно се занимавам со кардиологијата како област и во овој долг временски период сум максимално ангажирана и посветена. За овој временски период, сум помогнала на многу пациенти, блиски роднини и пријатели.
Така јас ја започнав мојата кариера на интервентен кардиолог. Морам да потенцирам дека условите во кои започнав да работам и оваа институција во која работам денес, овозможуваат развој. Континуирано да одиш само напред. Ова особено се однесува на огромната поддршка и поттик за доедуцирање и достигање на максимално ниво на професионална реализираност кои ги дава д-р Митрев на секој еден вработен.

Како е да се биде жена во светот на интервентната кардиологија, поле во кое доминираат мажите? Зошто има толку малку жени интервентни кардиолози и дали можеби сте се соочиле со некои предрасуди во Вашата работа, како од страна на колегите, така и од страна на пациентите?

Д-р Ампова-Соколов: Како и во многу други професии, така и во оваа, не гледам апсолутно никаква разлика меѓу мажите и жените. Со предрасуди се немам соочено, ниту во нашата клиника ниту надвор од неа. Можеби затоа јас и воопшто не размислувам за оваа тема. Сите сме професионалци, тоа е мојата професија по која ме препознаваат колегите и пациентите. Имам одлична соработка со сите колеги кои работат интервентна кардиологија во нашата држава, но и надвор од неа со голем број колеги во регионот и пошироко. Можеби има помалку жени интервентни кардиолози поради условите во кои работиме (изложеноста на рендген зрак за време на процедурите), како и мајчинството (бременоста). Но мене никогаш не ми претставувало проблем, не го гледам како пречка во работата. Постојат соодветни регулативи и поставени правила. Едноставно 22 години многу сериозно се занимавам со кардиологијата како област и во овој долг временски период сум максимално ангажирана и посветена. За овој временски период, сум помогнала на многу пациенти, блиски роднини и пријатели. Така што за предрасуди воопшто не може да стане и збор. Барем јас никогаш немам осетено такво нешто.

Морам да потенцирам дека условите во кои започнав да работам и оваа институција во која работам денес, овозможуваат развој. Континуирано да одиш само напред. Ова особено се однесува на огромната поддршка и поттик за доедуцирање и достигање на максимално ниво на професионална реализираност кои ги дава д-р Митрев на секој еден вработен
Во мојата кариера имам направено голем број интервенции, работам се што е неинвазивна и инвазивна кардиологија како и кардиоимиџинг, и сум горда на моите севкупни постигања до сега.


Една од причините поради кои женските кардиолози не сакаат да влезат во интервентното поле е стравот од изложеност на радијација и загриженост во врска со идните бремености. Оправдан ли е овој страв?

Д-р Ампова-Соколов: Како што и напоменав, можеби стравот од изложеноста на рендген зраци за време на процедурите е една од причините зошто има помалку жени интервентни кардиолози, сепак, кога станува збор за нашата институција, тој страв е неоправдан. Располагаме со најсовремена опрема за дијагностика, третман и заштита, како за персоналот така и за пациентите. Целиот оддел за ангиографија е конструиран така што се запазени сите највисоки стандарди за работа и заштита на вработените и пациентите. Поради тоа работам без трошка страв или сомнеж, како јас така и моите колеги.
Јас сум првата жена-интервентен кардиолог во државата и се гордеам со тоа. Се радувам кога ќе слушнам дека бројот на жени интервентни кардиолози се зголемува.
Ги поттикнувам и подржувам сите жени во медицината да не се плашат и ако имаат желба да ја работат мојата професија да го прифатат предизвикот. Само треба да се сака тоа што се работи.
Јас денес сум комплетно реализирана како жена, како на професионален, така и на приватен план. Јас сум доктор, мајка и сопруга.
Процедурата ТАВИ (Trans catheter Aortic Valve Implantation) претставува комплексен зафат на замена (имплантација) на аортна валвула без операција на отворено срце. Ваквите зафати се изведуваат кај пациенти со тежок степен на аортна стеноза која е стекната болест на срцето. Најчесто пациентите се разболуваат уште во детска возраст, а предизвикувачот е ревматска треска.

Потребна ли е добра физичка подготовка и одржување на формата со оглед на тоа што секојдневно при работата носите оловни престилки, кои се тешки и може да доведат до проблеми со грбот?

Д-р Ампова-Соколов: Сето тоа станува навика со текот на годините работа и е еден вид тренинг на телото и психата. Понекогаш се изведуваат интервенции кои траат подолго време со цел да се спаси човечки живот, секако потребна е соодветна физичка и психичка подготвеност. Со текот на годините сум се научила на став и држење со заштитната оловна облека на себе која навистина е тешка. Секако од пред 20 години до сега тежината на оловните престилки е намалена (и во таа област има еволуција), што пружа покомфорна работа во ангиографската сала и секако подобра заштита.

Работата е напорна, со повици и деноноќна достапност, како успевате да ја усогласите со приватните обврски? Трпи ли семејството често на сметка на професијата?

Д-р Ампова-Соколов: Во животот ви се укажуваат многу шанси за успех, најважно е да ги препознаете. Кога одлучив да се занимавам со медицина, а подоцна и кога започнав со работа во „Жан Митрев Клиника“, знаев дека ќе треба максимално вложување и посветеност, така што јас имам расчистено со дилемата семејство или професија. Компромис мора да постои, до сега се снаоѓам и балансирам одлично. Син ми иако има 14 години, перфектно е информиран за сериозноста на мојата професија, како и сопругот. Тие ме подржуваат 100 % во тоа што го работам.
Ги поттикнувам и подржувам сите жени во медицината да не се плашат и ако имаат желба да ја работат мојата професија да го прифатат предизвикот. Само треба да се сака тоа што се работи. Јас денес сум комплетно реализирана како жена, како на професионален, така и на приватен план. Јас сум доктор, мајка и сопруга.

Кои се најчестите инвазивни процедури кои ги изведувате?

Д-р Ампова-Соколов: Работам се што се изведува во ангиграфската лабораторија (сала) било тоа да се дијагностички процедури како: коронарографија, каротидографија – снимање на артериите на вратот и мозокот, периферна ангиографија – снимање на артерии на горни и долни екстремитети, аортографија – снимање на цела аорта, флебографија – снимање на вени, десна и лева срцева катетеризација и многу други, или инвазивни процедури за третман како: стентирање на артерија на срцето, артерии на горни и долни екстемитети, артерии на врат и мозок, стентирање на аорта и во поново време третман на аортна болест (стеноза) со инвазивна процедура или како што ја нарекуваме транскатетер замена на аортна валвула (ТАВИ процедура- третман на валвула на срцето без операција).

Што претставува процедурата ТАВИ, кај кои пациенти се изведува и кои се нејзините предности?

Д-р Ампова-Соколов: Процедурата ТАВИ (Trans catheter Aortic Valve Implantation) претставува комплексен зафат на замена (имплантација) на аортна валвула без операција на отворено срце. Ваквите зафати се изведуваат кај пациенти со тежок степен на аортна стеноза која е стекната болест на срцето. Најчесто пациентите се разболуваат уште во детска возраст, а предизвикувачот е ревматска треска. Болеста потоа се развива повеќе години и напредокот е индивидуален и може да трае и до 15-20 години. Обично во почетокот се идентификува како шум на срце кој персистира за цело време на болеста. Со примена на ехокардиографија се утврдува степенот на болеста и се дваат препораки за понатамошно следење или лекување. При прогресијата на аортната (стеноза) болест, кај пациентите се манифестира со симптоми како: замор, гушење, градна болка, вртоглавица која се потенцира на напор, а кај некои и губиток на свест.

При ваква состојба односно тежок степен на болеста и присуство на наведените симптоми се препорачува третман на аортната валвула. Се уште кај поголем дел од пациентите прв избор за третман е кардиохируршката процедура. ТАВИ зафатот се препорачува кај пациентите со висок ризик од оперативен зафат кои се многу возрасни со многу коморбидитети или претходни операции на отворено срце.

ТАВИ процедурите се секогаш претходно добро испланирани. Се прави ехокардиографија, компјутер на аорта по кардиопротокол за прецизно мерење на димензиите на валвулата која ќе се имплантира, како и стратегија за самата интервенција. Валвулата е индивидуална и се порачува наменски за секој пациент.

Досега се направени вкупно 49 ТАВИ процедури во нашата болница

Извор: panacea.mk