Интервју со проф. д-р Васил Илиев – Стрес инконтинеција и нарушена статика на матка

Дневна доза здравје

мај 29, 2023

Што претставува инконтиненцијата, за каква состојба станува збор?

Проф. д-р Илиев: Континенцијата претставува физиолошка, нормална функција на полнење на бешиката, која меѓу две празнења е комплетно сува, односно не доаѓа до истекување на урина. Инконтиненција е спротивното, односно кога доаѓа до губење на урина, не по желба, туку станува збор за неволно, неконтролирано мокрење поради разни причини (подмочување). Ова е сложен термин. Треба да се појде од фактот дека ние се раѓаме без можна контрола на мокрењето и во текот на првата година треба да созреат центрите кои се наоѓаат во‘рбетниот мозок, и во големиот мозок. Тоа се сензибилни и моторни центри кои што пренесуваат информација за степенот на дистензија на мочниот меур, односно степенот на наполнетост. И тогаш кога ќе дојде до тоа, треба да се најде адекватно хигиенско-социјално прифатливо место за да се испразни мочниот меур. Друга карактеристика на мочниот меур која што е многу важна, а која луѓето не ја осознаваат, е дека тоа е мускулен орган. А, мускул кога се полни тој треба да направи реaкција, да се стегне. Инервацијата прави да тој издржи одредена количина на наполнетост без да се стегне, без да контрахира и да изврши празнење. На пример, срцето е мускулен орган исто така но, тоа штом прими крв веднаш се контрахира и ја проследува понатака во циркулацијата. Тоа е една компарација колку е сложена целата софистицирана неуролошка парасимпатична и симпатична инервација на мускулот на мочниот меур која се вика детрусор. Тоа е исклучително важна консталација.

Дали ,,подмочувањето,, е нормална состојба која кај жените доаѓа со возраста?

Проф. д-р Илиев: Апсолутно е неприфатливо постоење на било каков степен на подмочување одн. иконтиненција на урината. Видете, уште во првата класификација на болести на светската здравствна оганизација (сега е во употреба десетата меѓународна класификација на болести) инкотиненцијата на урина беше именувана и класифицирана одн. шифрирана и така ставена во редот на болести кои на светско ниво се пратат и сатистички се обработуваат и компарираат меѓу разни институции и разни земји. Сакам да кажам дека инконтиненцијата на урина треба да се сфати како секоја друга болест -пореметување, кое треба да се санира како би имале здавје.

Подмочувањето кај жените е честа појава. Дали има решение?

Проф. д-р Илиев: Кај женската популација најчесто подмочување се дешава при зголемување на интраабдоминалниот притисок, кое настанува при кашлање, кивање, смеење,трчање, сексуални односи и тн., при што доаѓа до неволно истекување на мокрача, познато како СТРЕС ИНКОНТИНЕНЦИЈА НА УРИНА. Токму овој најчест тип на инконтиненција кај жените има најефикасно решение одн. најдобра досега операција за решавање на стрес инконтиненцијата на урина. Имено станува збор за слинг оперативниата техника (исто така наречен вагинална лента без напнатост или метод ТВТ-О): е најефикасна и најчеста современа операција за лекување на уринарната стрес инконтиненција. За тоа се користи специјлно дизајнирана лентовидна мрежица од посебен мултипорен материјал кој е инертен за организмот и обезбедува трајна сфинктерна функција на мочниот меур. Интервенцијата се изведува во краткотрајна анестезија (обезболување) трае само 15 минути со еднодневна хоспитализација. Оваа слинг метода денес се смета за златен стандарт за решавање на стрес инконтиненција на урина.

Што претставува нарушената статика на матката?

Проф. д-р Илиев: Пролапсот на гениталните органи и мочниот меур или уро-гениталниот пролапс е сложен комплекс на пореметена анатомска позиција и нарушена функција на односните органи. Значи, поедноставно кажано, кога збориме за пореметена анатомска позиција се работи за кила (хернија) на некој или на повеќе делови од вантрешните генитални органи на жената и на мочниот меур и/или уретрата (изводниот мочен канал). Кога збориме за нарушена функција на некоја компонента на уро/гениталниот пролапс станува збор за проблеми со мокрењето во смисол на зачестено мокрење со или без чувство на нагон за мокрење , стрес – инконтиненција (подмочување при некој напор, кашлање, кивање, смеење, сексуален однос и тн.), некомплетно прзнење на мочниот меур, уроинфекции, пореметени или неможни сексуални односи. Причини се многубројни но пред се доминира возраст, породувања (особено вагинални), обезност, физичка работа, наследни фактори, слабост на мускулно – потпорни структури и т.н. Што се однесува до пролапсот жената не е свесна дека постои се додека е интравагинален и се открива при вагинален преглед. Понапреднати степени на спуштање на вагината, мочниот меур и/или утерусот веќе самите пациентки го осеќаат и/или забележуваат како влечење особено кога се движат, болки, често и во лумбалниот дел на кичмата, проблеми со празнење на мочниот меур и чувство дека е непотполни испразнет и/ии болка, печење при мокрење. Најчесто пролапсот е пратен со постоење и на стрес инконтиненција на урината.

Во што се состои третманот на гениталниот пролапс и дали кај нас се достапни реконструктивни оперативни интервенции?

Проф. д-р Илиев: Видете, и мотивот за ова интервју е токму подигање на свеста за постоење на ефикасен третман на пролапсот на гениталните органи како и на стрес инконтиненцијата на урина. Се работи претежно за вагинални операции кои се минимално инвазивни, краток престој во болница и брз опоравок. Долгогодишна е токму мојата пракса во имплементација на овие модерни реконструктивни интервенции за разни типови на пролапс на матката и/или вагината. Особено би ја истакнал интервенцијата за решавање на стрес инконтиненција на урината која има најдобри резултати на компаративните анализи со светските центри за урогинекологија. За одбележување е фактот дека се постигнува трајно решение на пролапсот на било која компонента од уро-гениталниоте органи кои учествуваат во пореметувањето што води до значително подобрување на квалитетот на живот и видно допринесува до одржување на здравјето, особено во понапреднатите години од животот кога, за жал, и други заболувања се почести.