00389 2 3091 484
октомври 10,2015
ИТНА ОПЕРАЦИЈА ЗА СПАСУВАЊЕ НА МОЗОК ПОСЛЕ КАРОТИДНО СТЕНТИРАЊЕ
Итно примена 62 годишна пациентка М.Д поради нагла појава на темнеење пред очи и неможност за нормално движење. Претходно во друга држава имплантиран стент на левата внатрешна каротидна артерија ( ACI lat sin ). Пациентката е со артериска хипертензија и хиперлипидемија.Во Специјалната болница по хируршки болести “ Филип Втори “ направениот ехографски преглед верифицира критична стеноза на имлантираниот стент на левата внатрешна каротидна артерија и сигнификантна стеноза на десната внатрешна каротидна артерија ( ACI lat dex ). Веднаш е направен 64 MSKT каротидографија, церебрална ангиографија со наод за 90% стеснување на стентот имплантиран на левата внатрешна кароитидна артерија и значајно стеснување на десната внатрешна каротидна артерија повеке од 70% .
МCKT СЛИКА ПРЕДОПЕРАТИВНО
Со оглед на симптомите и наодот од иследувањата индицирана е итна ( спасувачка ) операција на крвните садови на вратот заради спасување на функција на мозокот
Постоперативно пациентката е хемодинамски и ритмички стабилна без никаква невролошка симптоматологија.Направена е контролна постоперативна 64 MSKT каротидографија со наод за уреден проток низ левата внатрешна каротидна артерија.
МСКТ СЛИКА ПОСТОПЕРАТИВНО
Првиот постоперативен ден пациентот е самостојно мобилизиран без никакви невролошки симптоми. На контролниот преглед пациентката се чувствува одлично.
Изработил Д-р Е. Идоски