00389 2 3091 484
март 03,2017
Четири месеци после заминувањето дома, Бранко Рајко од Умаг, Хрватска допатува во Македонија за да го направи првиот контролен преглед по неодамнешната васкуларна операција во Жан Митрев Клиниката. Не можеше да ја прикрие возбудата од средбата со д-р Жан Митрев и нетрпеливо чекореше пред неговиот кабинет, држејќи ги резултатите со себе. Сакаше да сподели со д-р Митрев за неговото позитивно искуство, по успешната операција. Да му раскаже дека ако до пред пет месеци бил со сомнежи за неговиот живот, сега тој е жив и среќен што се се враќа во нормала. Неговата сопруга која го придружуваше, преку разговорот со нас се обидуваше да го анимира и да ја амортизира неговата трема. „Д-р Жан Митрев е спасителот на Бранко. Благодарение на него, на неговата исклучителна стручност тој е жив и нормално ги извршува секојдневните обврски. За нашата приказна многу слушнале и прочитале, така што ни се јавуваат сограѓани за да им дадеме контакт од болницата. Тоа е најмалку што можеме да направиме за некој кој бара помош и му треба вистинска информација за потенцијално решение на неговиот здравствен проблем“, зборуваше таа.
На само една недела после враќањето дома, како што ни раскажа Бранко, веќе без проблеми го возел автомобилот и самостојно ги извршувал секојдневните обрвски. Додека ни објаснуваше за искуствата кои ги имал по враќањето дома, на врата се појави д-р Митрев и природно фокусот на интерес веднаш беше пренасочен кон свежиот изглед на Бранко, кон неговата здравствена состојба… Ги оставивме да разговараат за начинот на одржување на здравјето, следни чекори, совети..