00389 2 3091 484
октомври 10,2015
Кој е виновен за вртоглавицата?
Станува збор за пореметување на ориентацијата во просторот( „вртелешка“ во главата) што се манифестира со силна илузија на движење во неа. Субјективните состојби се различни, а освен привидот на движење често е присутно и функционалното окуломоторично пореметување (nistagmus), паѓање- пропаѓање во стоење, во одење и мачнина.
Вестибуларниот систем е комплексен, ни овозможува во секој момент да имаме ориентација во просторот, а не сме свесни за неговата работа се додека не ни се „заврти“ во главата. Лицата кои имаат вртоглавица најчесто го опишуваат пореметувањето на рамнотежата на два начина: како чувство на вртење околу главата и во главата или како губење на ориентацијата во просторот. Кои се можни причини и видови на вртоглавици ?• Положбена (најчеста, поради вртење на главата и промена на положбата)- трае само минута или пократко, а може да биде проследена со ритмичко треперење на очите , се појавува на неколку дена или по неколку месеци; • Промени на вратниот `рбет- се јавуваат со стареење и трошење на ткивото во вратниот дел, треба да се подобри општата физичка состојба и да се зајакнат вратните мускули;• Пореметување на циркулацијата во мозокот- пречки во крвотокот во едната или обете вратни, како и во основната артерија; • Стресна вртоглавица- кај психичко пореметување проследено со чувство на тегобност и страв, т.н. стресна или психогена вртоглавица која може да доведе до состојба на неразумен страв.• Пореметување во увото- ненадеен напад на вртоглавица кој трае од неколку минути до неколку часа; • Воспаление на нерв- нападот на жестока вртоглавица трае неколку дена, а полека попушта по неколку недели; • Тумор на ушниот нерв- постојана вртоглавица, оштетување на слухот и пореметување на функцијата на други нерви на мозокот; се отстранува со хируршки зафат.
Како да откриме од кое ниво потекнуваат вртоглавиците ?
Денес располагаме со софистицирана и неинвазивна техника на евоцирани потенцијали, која се користи во неврологијата.
Слушни евоцирани потенцијали или потенцијали на мозочното стебло (БАЕП) се користат за испитување вртоглавици и можеме со голема сигурност да констатираме од кое ниво се предизвикани истите.БАЕП преставуваат неврофизиолошки тест за испитување на функцијата на периферниот и централен дел на акустичниот пат и неговите придружни структури во мозочното стебло. Односно го тестираат патот на спроведување од увото до мозочните центри. Се добиваат со звучна дразба на ушите. Се регистрира одговор од 7 брана на звучната дразба. Со анализа на овие бранови можеме да констатираме со голема веројатност од кое ниво произлегуваат вртоглавиците, односно дали се од причини кои произлегуваат од увото или се од мозочните структури. Со помош на БАЕП можеме да откриеме повеќе од горенаведени причини за вртоглавици. Имено, БАЕП се користи во одредување на висината на оштетувањето на акустичниот пат при оштетување на неговата кондуктивна спроводливост, при тумори на мозочното стебло, васкуларни оштетувања или мозочни удари на мозочното стебло и каротидна болест. Потоа при демиелинизаторни заболувања, како и при дијагностицирање на разни вертигинозните синдроми и откривање од кое ниво настануваат, мозочни трауми , трауми на увото и мозочна смрт.