Депресија – како настанува и како да си помогнеме?
Дневна доза здравје
март 22, 2024
Клучни факти
Депресијата е сериозно емоционално нарушување кое се повеќе станува едно од најчестите ментални нарушувања воопшто.
Депресијата е „негативна емоционална состојба“ во која лицето се чувствува тажно, уништено и мрачно. Вклучени се чувствата на вознемиреност и лутина. Најважната карактеристика на депресијата е отсуството на „позитивни емоции“, односно чувство на воодушевеност, задоволство, радост, исполнетост.
Депресијата е водечка причина за инвалидитет ширум светот и придонесува кон севкупниот глобален товар на болести.
Жените се позасегнати од депресија отколку мажите.
Депресијата може да доведе до самоубиство.
Постои ефикасен третман за блага, умерена и тешка депресија.
Глобална слика
Депресијата е честа болест ширум светот, присутна кај околу 3,8% од популацијата. Се јавува од рана возраст, но позастапена е кај возрасните 5,0%, односно 5,7% кај оние постари од 60 години. Депресијата се разликува од вообичаените промени на расположението и краткотрајните емоционални одговори на предизвиците во секојдневниот живот. Особено кога се повторува и е со умерен или тежок интензитет, депресијата може да стане сериозна здравствена состојба. Тоа може да предизвика засегнатото лице многу да страда, лошо да функционира на работа, на училиште или дома со семејството. Во најлош случај, депресијата може да доведе до самоубиство и според податоци на СЗО самоубиството е четврта водечка причина за смрт во категоријата на лица од 15-29-години.
Иако постојат познати, ефективни третмани за ментални нарушувања, повеќе од 75% од луѓето во земјите со низок и среден раст не добиваат третман. Бариерите за квалитетна грижа се должат на социјална стигма ( срам ) поврзана со ментални нарушувања, недостаток на ресурси.
Како настанува депресијата
Депресијата произлегува од сложената интеракција на социјалните, психолошките и биолошките фактори. Луѓето кои поминале низ негативни животни настани (невработеност, жалост, загуби, соочување со хронична болест, трауматски настани) имаат поголема веројатност да развијат депресија. Депресијата, пак, може да доведе до поголем стрес и дисфункционалност и да ја влоши животната ситуација на засегнатото лице и самата депресија. Постои взаемна врска меѓу депресијата и физичкото здравје. На пример, кардиоваскуларните болести може да доведат до депресија и обратно. Дополнително во манифестирање и одржување на депресијата влијаат и генетските предиспозиции на поединецот, како и можни нарушувања во преносот на нервните импулси кои се должат на употребата на психотропни супстанции ( дрога или алкохол).
Според СЗО, се покажа дека превентивните програми ја намалуваат депресијата. Ефективните пристапи на заедницата за спречување на депресијата, вклучуваат училишни програми базирани за подобрување на шемата на позитивно справување со депресија за децата и адолесцентите. Интервенциите наменети за родители на деца со проблеми во однесувањето, може да ги намалат депресивните симптоми кај самите родители и да ги подобрат резултатите на нивните деца. Програмите за вежбање за постари лица, исто така, можат да бидат ефективни во превенцијата од депресија.
Симптоми и начини на однесување
За време на депресивна епизода, лицето доживува намалено расположение, т.е. се чувствува тажно или празно, го губи интерес и/или задоволство за било какви активности и тоа во поголемиот дел од денот, речиси секојдневно, најмалку две недели наназад, се соочува и со намалување на психичка и физичка енергија и има умствен и телесен замор.
Дополнително кај лицето може да се присутни и неколку други симптоми, кои може да вклучуваат: Намалено внимание и концентрација, намалена способност за мислење и одлучување, намалена самодоверба и самопочит, чувство на вина, самообвинување и безвредност, песимистички поглед за иднината, нарушен сон, нарушен апетит, идеи за самоповредување и самоубиство.
Симптоми и начини на однесување
За време на депресивна епизода, лицето доживува намалено расположение, т.е. се чувствува тажно или празно, го губи интерес и/или задоволство за било какви активности и тоа во поголемиот дел од денот, речиси секојдневно, најмалку две недели наназад, се соочува и со намалување на психичка и физичка енергија и има умствен и телесен замор.
Дополнително кај лицето може да се присутни и неколку други симптоми, кои може да вклучуваат: Намалено внимание и концентрација, намалена способност за мислење и одлучување, намалена самодоверба и самопочит, чувство на вина, самообвинување и безвредност, песимистички поглед за иднината, нарушен сон, нарушен апетит, идеи за самоповредување и самоубиство.
За време на депресивната епизода, лицето доживува значителни тешкотии во личните, семејните, социјалните, образовните, професионалните и/или други важни области на функционирање. Во зависност од бројот и сериозноста на симптомите, како и од нивното влијание врз функционирањето на поединецот, депресивната епизода може да се категоризира како: блага, умерена или тешка.
Постојат различни модели на нарушувања на расположението, вклучувајќи:
Единечна епизода на депресивно растројство. Тоа е всушност првата и единствена епизода кај некое лице;
Рекурентно депресивно растројство – што значи дека лицето има историја на најмалку две депресивни епизоди; и
Биполарно растројство – што значи дека депресивните епизоди наизменично се менуваат со периоди на манични симптоми, кои вклучуваат еуфорија или раздразливост, зголемена активност или енергија и други симптоми како што се зголемена разговорливост, мноштво мисли, зголемена самодоверба, намалена потреба за сон, расеаност и импулсивно непромислено однесување.
Дијагноза и третман
Дијагнозата на состојбата се поставува со преглед од страна на психолог или психијатар при што се проценува тежината на клиничката форма на депресија и потоа се бира соодветниот третман за депресијата. Во зависност од тежината и типот на депресивните епизоди лекувањето на состојбата вклучува:
Фармакотерапија – антидепресивни лекови,
Психотерапија,
Комбинации на лекови и психотерапија,
Од психотераписките техники најчесто се применува Когнитивно-бихејвиоралната терапија при што се овозможува да се идентификуваат проблемите и да се препознаат сопствените блокади, како и да се откријат и проверат можните алтернативи. При оваа терапија посебно внимание се посветува на когнитивните процеси, но и на елементите на бихејвиоралниот дел, кои вклучуваат активирање, зголемување на компетентноста, решавање проблеми, градење вештини за справување и вежби за комуникација. Оваа форма на терапија се обидува да поврзе расположение, размислување и дејствување и запирање на депресивните спирали и постигнување промени во однесувањето на когнитивно ниво.
Подршка на лице со депресија
Треба да се знае, дека имањето болест не е нечија волја или вина. Може да му помогнете на лицето во надминување на состојбата на начин што ќе покажете грижа и разбирање. На болното лице е потребно да:
Поттикнете придржување кон третман: Лицето кое се лекува од депресија, треба редовно да ги зема препишаните лекови и да одржува редовни психијатриски контроли,
Неопходно е лицето да биде уважено и сослушано, тоа се остварува преку охрабрување да збори, да ги искаже свиоите чувства, да каже што размислува. Кога личноста збори, потребно е внимателно да се слуша, да се избегнува давање на совети или мислења или да се критикува. Само слушањето и разбирањето може да биде моќна алатка за исцелување.
Потребно е да ги подржите конструктивно позитивно: Луѓето со депресија може строго да судат за себе и да најдат мана во сè што прават. Потсетете ги за нивните позитивни квалитети и колку таа личност значи за вас и за другите.
Понудете им помош на начин што ќе им дадете предлог за конкретни задачи што би биле спремни да ги направите заедно, како на пример прошетка, гледање на филм, или хоби или друга активност во која претходно уживала. Но, не обидувајте се да ја принудите личноста да направи нешто со сила!
Помогнете да се создаде средина со низок стрес. Создавањето редовна рутина може да му помогне на лицето со депресија да се чувствува повеќе контролирано. Понудете се да направите распоред за оброци, лекови, физичка активност и спиење и помогнете во организирањето на домашните работи.
Понудете заедно да одите на лекар или на психотерапија.
Поврзани Новости
18.12.2024
Ендометриоза – факти, симптоми и решенија
Факти Ендометриозата се јавува приближно кај 10% од жените во репродуктивна возраст и таа бројка во светски рамки изнесува 190…