00389 2 3091 484
август 08,2015
Најнови препораки за третман на тироидна дисфункција кај пациенти после коронарна бајпас хирургија
За време и после коронарна бајпас хирургија забележан е транзиторен пад на тироксинот во крвта што е поврзано со хемодинамската нестабилност на пациентите во тој период.Во рандомизирани студии забележано е дека периоперативниот и постоперативниот морбидитет и морталитет како и инциденцата од аритмии не зависи од администрацијата на левотироксин кај ваквите пациенти.
Кај пациенти во критична задравствена состојба сместени во единиците за интензивна нега како и кај пациенти после коронарна бајпас хирургија кои имаат пониско ниво на Т3 и Т4 во крвта нема евидентирани податоци за бенифит од третманот со левотироксин . Бенефит единствено е забележан кај пациенти со покачено ниво на ТСХ над 20 mU/L со изразени знаци на хипотироидизам или микседем.
Проценка на тироидната функција кај претходно еутиреотични пациенти посебно кај тие кои подолго се третираат во единиците на интензивна нега е особено тешка. Многу од нив имаат ниски вредности на ТСХ и ФТ4 во крвта. Затоа препораките се да не се тестираат тироидните хормони кај вакви пациенти .Ако и покрај тоа постои сомнение за дисфункција на тироидната жлезда се препорачува да се направи комплетен тироиден статус Т4,ТСХ,ФТ3 и ФТ4 и тогаш да се одлучи за потребата од третман, земајќи ги во предвид следниве препораки:
Кај критично болни пациенти со ниско серумско ниво на Т3 и Т4 без клинички знаци на хипотиреоза не се препорачува отпочнување на третман со левотироксин.
Кај претходно еутиреотични пациенти кои биле подвргнати на коронарна бај пас хирургија не се препорачува третман на тироидната функција во раниот постоперативен период.