00389 2 3091 484
јуни 06,2017
На иницијатива на меанаџерскиот тим од ЕВН Македонија, на 31 мај, 2017, д-р Жан Митрев одржа едукативно-интерактивен настан за раководните лица од оваа компанија на тема- Срцето и кардиоваскуларното здравје преку здравата исхрана и здрави животни навики. Пред учесниците во преполната сала во Аудиториумот на Специјалната болница ЖАН МИТРЕВ, д-р Митрев зборуваше за кардиоваскуларниот систем, анатомијата и функцијата, но и за најчестите заболувања на срцето и крвните садови, за нивото на смртност и за тоа која популација и возраст е најризична, но и како се дијагностицираат овие заболувања преку најсовремените апаратури и процедури со кои располага болницата. Преку практични примери д-р Митрев објасни за процедурите кои се применуваат овде, за процентот на успешност на операциите, како и за останатите интервентни и неинтервентни постапки кои се нивна специфика. Пособен акцент беше ставен на навремено и прецизно дијагностицирање кое води кон успешност во извршената интервенција. Д-р Митрев се задржа на ризик факторите, како и на превенцијата и грижата околу кардиоваскуларното здравје давајќи конкретни препораки што предизвика голем интерес кај учесниците.“ Најважно е правилно да ги согледувате своите проблеми“, беше пораката на д-р Митрев кон учесниците.
Д-р Митрев одвои време да одговори на прашањата кои се однесуваа на тоа како правилно да се грижат за нивното кардиоваскуларно здравје, што е најдобро за нивното срце, колку физичка активност е потребна, каква исхрана е најдобра и др. Задоволни од организацијата, најавија нови средби на конкретни теми со кои би влијале на зголемување на свесноста кај вработените за нивното здравје. Со ова ЕВН тимот покажа голема корпоративна освестеност за вработените преку организирање на вакви настани, а сето тоа во насока на поголема успешност на нивната компанија и уште повисоки резултати.