00389 2 3091 484
јуни 06,2017
Во периодот од 26-29.05.2017 се одржа вториот светски конгрес PCS 2nd Global Conference of Cardiovascular Diseases -2017 во Хотел Хилтон Мумбаи Индија.
На конгресот беа презентирани новини од областа на кардиоваскуларните заболувања, дијабетот. Беше дискутирано за новините од областа на хипоталамично-хипофизната регулација на гликемијата и влијанието на кардиоваскуларните заболувања. Воедно беше дискутирано за новини во хируршките пристапи во третманот на кардиоваскуларните заболувања.
На конгресот беа присутни многу предавачи еминенти професори од Мајо Клиниката, Хјустон, Торонто, Канада, Универзитетската болница во Женева Швајцарија, Универзитетскиот Клинички Центар од Крит, Австралија, Осло Норвешка, како и од страна на домаќините -Универзитетската Клиника во Бомбај Индија
Како поканет предавач на овој научен собир присуствуваше др Тања Анѓушева – спец интернист субспецијалист кардиолог од специјалната болница Жан Митрев. Др Анѓушева го презентираше нашето 17-годишно искуство во третманот на туморите на срце. Предавањето беше проследено со голема заинтересираност, после што и добивме предлог Жан Митрев болницата со своето клиничко искуство од оваа област да стане дел од Националната Програма на Канада за третман на тумори на срце.
Науката, стручноста и добрата клиничка пракса немаат граници. Размената на искуства и новини во медицината секогаш се во интерес на човековото здравје. Но сепак посебно значи и сме горди кога докторите од нашата болница добиваат покани да бидат предавачи на вакви големи и значајни светски манифестации. Тоа е доказ за стручноста и професионалноста на нашата болница.