00389 2 3091 484
декември 12,2022
Во Клиничката болница Жан Митрев една од водечките специјалности е ортопедијата. Нашиот тим е составен од искусни специјалисти: д-р Сашо Младеновски-ортопедски хирург; проф. д-р Константин Митев-специјалист по општа хирургија и супспецијалист трауматолог и проф. д-р Славчо Стојменски специјалист по општа хирургија, супспецијалист по трауматологија.
Едуцирани во врвни европски центри за најсовремен оперативен третман на оштетувањата на мускулно-скелетниот систем: минимална инвазивен третман на скршеници на коските, артроскопска хирургија, протетска замена на зглобови (колк, колено, рамо, лакт), третман на болести на рбетен столб, детска ортопедија, туморска патологија на коски и меки ткива како и регенеративна медицина со апликација на ПРП, матични клетки и хијалуронска киселина.
Ортопедијата е медицинска специјалност која се занимава со третман на коски и мускули. Ортопедската хирургија е гранка на медицината која се занимава со болести, повреди и состојби на мускулно-скелетниот систем кои се однесуваат на телесните мускули и скелет. Ова ги вклучува зглобовите, лигаментите, тетивите и нервите.
Доколку имате проблем со коските, зглобовите или мускулите потребно е да пристапите кон лекување на ортопедската состојба.
Вообичаено лекарот од примарна здравствена заштита може да ја дијагностицира болеста, по што треба да ве упати кај субспецијалист трауматолог или доктор ортопед.
Ортопедите и трауматолозите се едуцирани за лекување на патологија на мускулно-скелетниот систем. Тие можат да дијагностицираат состојби на коските, мускулите, зглобовите, тетивите или лигаментите. Тие, исто така, можат да лекуваат повреда, да обезбедат рехабилитација и да советуваат како да се спречи понатамошно оштетување на заболената област.
Нашиот тим ортопеди и трауматолози располага со мултидисциплинарно знаење од сите проблеми поврзани со мускулоскелетниот систем, а долгогодишното нивно искуството и примената на напредните дијагностички и оперативни процедури овозможуваат најсовремен третман на политрауматизирани пациенти на кои им е е загрозен животот.
За да закажете преглед може да се јавите во нашиот контакт центар на 02/3091-484.